Државна лотарија, од денес, со кампања „300 + 100“ за поддршка на онлајн учество во игрите на среќа Лото7 и Џокер

Скопје, (16 април 2020 год.) - Државна лотарија, се придружува кон апелот за останување дома и за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, подготви дополнителна мотивација за учество во овие игри на среќа преку веб страната www.loto.mk.

drzhavna-lotarija-od-denes-so-kampanja-300-plus-100-za-poddrshka-na-onlajn-uchestvo-vo-igrite-na-srekja-01.png

Од денес, сите  онлајн учесници во игрите Лото 7 и Џокер, за секојa уплата од (најмалку) 300 денари за игра во тековно коло, ќе добијат 100 денари – БОНУС промо ваучер.

Правото на стекнување бонус од 100 денари учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, коишто учествуваат преку веб страната www.loto.mk, го остваруваат еднократно во тековното коло, односно, од една корисничка сметка во едно коло може да се оствари само еден бонус – промо ваучер од 100 денари. Во текот на кампањата, еден учесник од својот кориснички профил, по уплатени и одиграни најмалку 300,00 денари, преку веб страната www.loto.mk, може да добие по еден бонус за секое одиграно коло, коишто ќе ги користи за игра во следно коло.

Кампањата, којашто ќе трае еден месец, започнува во април - роденденскиот месец на игрите на среќа на Државна лотарија, а по повод одбележување на 10 години приредување игри на среќа.

Онлајн уплатата за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер се одвива преку веб страната www.loto.mk, при што со креирање кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и онлај исплата за сите видови добивки, освен за премиите за Лото 7-ка и Џокер со 6 погодоци. Минималниот депозит за игра изнесува 300 денари коишто играчот ги уплаќа на свој кориснички профил од платежна картичка. Корисничкиот профил ги чува податоците, историјатот на игри и добивки, омилените комбинации, како и средствата од добивките коишто учесникот може да ги префрли на трансакциска сметка или да ги користи за игра.

Сега, кога е важно да седиме дома и да избегнуваме излегување и гужви на продажни места, Државна лотарија потсетува дека онлајн учеството во Лото 7 и Џокер е забавна можност да се дојде до големи добивки.

drzhavna-lotarija-od-denes-so-kampanja-300-plus-100-za-poddrshka-na-onlajn-uchestvo-vo-igrite-na-srekja-02.jpg

Во тек е уплатата за коло 31 од игрите на среќа Лото 7 и Џокер, коешто носи премија за Лото 7 над 23.000.000 денари и Џокер премија над 600.000 денари.

Среќните броеви може да го направат домот уште посреќно место, затоа вклучи се за среќа, играј онлајн Лото 7 и Џокер, #СедиСиДома и добиј 100 денари – БОНУС промо ваучер за повеќе игра и повеќе можности за добивка.

За помош при регистрирање или други потребни информации, тука е тимот на нашиот контакт центар - на бројот 02 323 7777 и на вибер бројот 076 313 052.

Државна лотарија

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава