Нова понуда од А1 Македонија: А1 Office Box – Супер брз интернет за бизнис корисници

Скопје, 29 април 2020г. Од денес, бизнис корисниците на А1 Македонија преку активација на пакетот А1 Office Box можат да добијат супер брз интернет за својот бизнис, без разлика дали работат од дома или од канцеларија.

nova-ponuda-od-a1-makedonija-a1-office-box-super-brz-internet-za-biznis-korisnici-01.png

A1Office Box e безжично интернет решение кое се активира со едноставно вклучување во струја, што им овозможува на корисниците брза и лесна употреба каде и да се. Покрај брзиот интернет, пакетот вклучува и фиксна линија.

Оваа услуга корисниците можат да ја активираат со две тарифи: А1 Office Box 2 со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps и неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи со промотивна месечна претплата од 699 денари и А1 Office Box 3 со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps, неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи како и телевизија со до 50 канали со промотивна месечна претплата од 899 денари.

nova-ponuda-od-a1-makedonija-a1-office-box-super-brz-internet-za-biznis-korisnici-03.jpg

Пакетот e погоден за поврзување со POS-терминали за плаќање со платежни картички, како и за сите компании што имаат потреба од поголема брзина на upload од 1Mbps. Покрај вклучените, корисниците можат да активираат и дополнителни услуги во пакетот, како што се фиксна IP адреса и управуван VPN.

Со овој пакет, А1 Македонија им овозможува на своите бизнис корисници да создадат одлични услови за работа и непречено да ги извршуваат своите активности.

nova-ponuda-od-a1-makedonija-a1-office-box-super-brz-internet-za-biznis-korisnici-02.jpg

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...

Најчитани неделава