Запознајте ги е-трговците што стојат зад вашите најчести онлајн нарачки

Ќе признаеме, живеењето во карантин во пролет не е воопшто лесно, ниту пријатно.

zapoznajte-gi-trgovcite-shto-stojat-zad-vashite-najchesti-onlajn-narachki-01.jpg

Но, кога ја имаме „големата слика“ пред нашите очи, односно дека тоа го правиме за да го заштитиме сопствениот живот и животите на нашите најблиски, тогаш тоа останување дома станува „новото нормално“, а престојот дома поподнослив ни го прават и е-трговците кои благодарение на придобивките што ни ги нуди модерната технологија, се тука за нас за да ни излезат во пресрет и до нашиот дом да ги испорачаат потребните производи и услуги.

Ви ги претставуваме компаниите кои ни го прават животот подостапен 24/7, кои неуморно работат со цел да ни овозможат полесно да ја поднесеме изолацијата, а во исто време, да останеме безбедни во своите домови. Запознајте ги е-трговците кои стојат зад нашите најчести онлајн нарачки, на кои Халкбанк е горд партнер.

Brainster

Brainster е иновативна компанија за едукација каде можат да се научат практични вештини за трансформација на кариерата. Нивната специјалност е организирање на курсеви, академии, кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании oд областа на маркетингот, дизајнот, бизнисот и програмирањето. Благодарение на Brainster вие можете дури и во услови на карантин, преку онлајн курсеви поврзани со информатичките технологии, да ја развивате својата професионална кариера од удобноста на вашиот дом, и на тој начин да бидете подготвени за модерните времиња кои веќе се тука.

zapoznajte-gi-trgovcite-shto-stojat-zad-vashite-najchesti-onlajn-narachki-02.jpg

Рептил Маркети

Рептил Маркети се ланец маркети во Скопје. Компанијата е основана врз темелите на некогашните самопослуги Центро, преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Но, историјата можеби и не е толку важна, колку што е важно дека Рептил врши дистрибуција на стока во големи потрошувачки јавни и приватни компании, а со цел да им го олеснат пазарењето на купувачите, Рептил ја стави во употреба и својата онлајн продавницата marketonline.mk, каде се достапни сите производи како во маркетите.

Пазарењето може да се прави од сите типови на уреди и е неверојатно брзо и едноставно, што е од особено значење во услови на здравствена криза и кога останувањето дома значи спасување животи.

zapoznajte-gi-trgovcite-shto-stojat-zad-vashite-najchesti-onlajn-narachki-04.jpg

Grouper

Со Grouper веројатно сите сте веќе запознаени, тоа е првиот сајт за групни попусти и воедно лидер на пазарот на е-трговија во Македонија, кој предизвика револуција во оналјн купувањето. Нивниот тим истражува низ целиот град со цел да најдат најпогодни и примамливи зделки на попусти од 50% до 90% само за Grouper купувачите.

На оваа платформа секој ден се нудат нови ексклузивни зделки по неверојатни цени со огромен попуст, од храна и пијалаци, преку најразлични производи за домот, за здравје, за убавина, за децата или сл., па сѐ до различни типови услуги како едукација, патувања итн. Во услови кога на карантин, кога сакале или не сме принудени да останеме дома, благодарение на Grouper, најтрактивните зделки можат да бидат достапни со само еден клик.

zapoznajte-gi-trgovcite-shto-stojat-zad-vashite-najchesti-onlajn-narachki-06.jpg

Преплет

Преплет е креативно студио во кое може да се најдат најразновидни дизајнирани производи, аксесоари за домот и уште многу други мали детали кои со сигурност ќе ги размрдаат позитивните мисли на луѓето. Она што ги прави Преплет уникатни и препознатливи се позитивните мотиви и мисли испишани на македонски и кирилица, кои прават секој да може да се поврзе со одреден момент и ситуација и да ги доживее на свој и индивидуален начин.

Со уникатните подароци од Преплет, кои ќе ги добиете до вашата врата, нема да пропуштите ниту еден важен датум на вашите најблиски, ниту по цена на пандемија! Или во најмала рака, имате можност да си дозволите некое уникатно парче за себе, кое несомнено ќе го поткрене вашето расположение во денови кога тоа ви е најпотребно.

zapoznajte-gi-trgovcite-shto-stojat-zad-vashite-najchesti-onlajn-narachki-03.jpg

TeachHoot

TeachHoot е онлајн образовна платформа која овозможува лесно и брзо примање и предавање на знаењето меѓу учениците и туторите од удобноста на сопствениот дом во нивната виртуелна училница.

Всушност преку оваа платформа се одржуваат онлајн приватни часови 1 на 1 со тутор, а нивната цел е со имплементацијата на информатичките технологии да го модернизираат образованието, да ги победат територијалните, институционалните и пазарните ограничувања кои постојат при давање и примање на знаење во нашата земја и светот. Она што е особено важно за период во кој што во моментов се наоѓаме, е дека платформа го поддржува целиот процес – од закажување до наплата на часовите, без потреба од физичко присуство и секако без изложување на ризик од инфекција од коронавирусот.

Со TechHoot образовниот процес може непречено да се одвива во домашни услови, оставајќи ја клупата и таблата за некои други времиња.

zapoznajte-gi-trgovcite-shto-stojat-zad-vashite-najchesti-onlajn-narachki-05.jpg

Но, што ги поврзува овие пет компании?

Одговорот е Халкбанк, која e единствена опција која овозможува платежни платформи за е-бизнисите во Македонија и на сите овие е-трговци им овозможува лесно, едноставно, брзо и ефикасно решение за функционирање на нивниот е-бизнис, со цел тие нам да ни овозможат полесно да ја поднесеме изолацијата, без притоа да се изложуваме на ризик. Затоа што „Важни се луѓето“, Халкбанк како доверлив партнер им овозможува најповолни услови за користење на е-услугите на банката, токму со цел ние потрошувачите да имаме сè што ни е потребно со само еден клик!

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава