Официјално: Престижниот финансиски магазин „Global Finance“ ја прогласи Охридска банка за „Најдобра банка во Македонија” за 2020 година

Петта година по ред, светскиот финансиски магазин „Global Finance“ , ја прогласува Охридска банка, за Најдобра банка во Македонија.

ohridska banka najdobra banka spored Global Finance 2020.jpg

Оваа публикација, издадена од Светска Банка, 27-ми пат по ред ја објавува листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка“ за земјите од Централна и Источна Европа.

oficijalno-prestizhniot-finansiski-magazin-global-finance-ja-proglasi-ohridska-banka-za-najdobra-banka-vo-makedonija-za-2020-godina-03.jpg

Единствена банка од Македонија, која петта година во низа ја добива оваа награда е токму Охридска банка, која од неодамна е дел од Шпаркасе Групацијата.

Според Уредувачкиот одбор и Директорот на Глобал Фајненс г. Џозеф Д. Гиарапуто, банкарската индустрија се повеќе се соочува со зголемените барања на клиентите за бенбеден пристап во рално време, целосна контрола и широка флексибилност во работењето.

Токму Охридска банка, постојано работи во насока на остварување на сите специфични барања на клиентите, следење на пазарните трендови, воведување иновативни производи, како и интензивирање на користењето на е-сервиси кои се безбедни и достапни за сите клиенти.

„Да се биде прогласен пет години по ред за Најдобра Банка во Македонија, особено од страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е Global Finance претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за Охридска банка од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде 4-та по големина во банкарскиот сектор во земјата.

Продолжуваме кон нашата стратешка цел, и силно верувам дека сите наши резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија, која се очекува да биде целосно интегрирана во Мај 2021 година.

Од друга страна пак, соочени сме со неизвесностите кои ни ги донесе корона кризата и исправени сме пред предизвикот да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти, на институциите, на економијата и на нашите вработени. Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која ја има Охридска банка во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност и посветеност и во вонредни услови“, изјави Нина Неданоска, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка.

oficijalno-prestizhniot-finansiski-magazin-global-finance-ja-proglasi-ohridska-banka-za-najdobra-banka-vo-makedonija-za-2020-godina-02.jpg

Наградата на Охридска Банка за „Најдобра банка во Македонија за 2020“ ќе и биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 23. најдобри банки од Централна и Источна Европа

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...

Најчитани неделава