„Додека градот спиеше, доцна во ноќта зачука срце“ – историски ден во македонското здравство
- Детали
- сабота, 23 мај 2020
Доцна во ноќта, во 2 часот и 43 минути зачука срцето на пациент по успешно направената прва трансплантација на срце во Македонија – испишана историја во македонското здравство.

Во текот на вчерашната вечер Министерот Филипче ја извести јавноста дека доцна во ноќта ќе биде извршена првата трансплантација на срце во Македонија.
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2394319200875099/?type=3&theater
Семејството на пациентка која што за жал починала, се согласило да го донира нејзиното срце и да спаси живот – хуманоста победи сѐ и докажа дека не мора секогаш сѐ да биде толку трагично во овие тешки времиња. Секоја чест за семејството кое се одлучило на таков тежок и болен, но уште похуман гест.
Трансплантацијата беше изведена под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија) заедно со Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и уште цел тим на кардиохирурзи кои испишаа историја и ја вратија вербата на многу македонски семејства.
Оваа вест за спасен живот допре длабоко до сечие срце, ја врати вербата во хуманоста, човечноста, но и во моќта на вештите раце и знаење на македонските медицински лица – секоја чест!
Министерот Филипче утрово извести дека трансплантацијата поминала успешно, а беше и во посета на пациентот.
фото: Фејсбук Венко Филипче
фото: Фејсбук Венко Филипче
Му посакуваме на пациентот долг и среќен живот, а срцето да чука до 101!