„Додека градот спиеше, доцна во ноќта зачука срце“ – историски ден во македонското здравство

Доцна во ноќта, во 2 часот и 43 минути зачука срцето на пациент по успешно направената прва трансплантација на срце во Македонија – испишана историја во македонското здравство.

dodeka-gradot-spieshe-docna-vo-nokjta-zachuka-srce-istoriski-den-vo-makedonskoto-zdravstvo-1.jpg

Во текот на вчерашната вечер Министерот Филипче ја извести јавноста дека доцна во ноќта ќе биде извршена првата трансплантација на срце во Македонија.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2394319200875099/?type=3&theater

Семејството на пациентка која што за жал починала, се согласило да го донира нејзиното срце и да спаси живот – хуманоста победи сѐ и докажа дека не мора секогаш сѐ да биде толку трагично во овие тешки времиња. Секоја чест за семејството кое се одлучило на таков тежок и болен, но уште похуман гест.

Трансплантацијата беше изведена под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија) заедно со Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и уште цел тим на кардиохирурзи кои испишаа историја и ја вратија вербата на многу македонски семејства.

Оваа вест за спасен живот допре длабоко до сечие срце, ја врати вербата во хуманоста, човечноста, но и во моќта на вештите раце и знаење на македонските медицински лица – секоја чест!

Министерот Филипче утрово извести дека трансплантацијата поминала успешно, а беше и во посета на пациентот.

dodeka-gradot-spieshe-docna-vo-nokjta-zachuka-srce-istoriski-den-vo-makedonskoto-zdravstvo-02.jpgфото: Фејсбук Венко Филипче

dodeka-gradot-spieshe-docna-vo-nokjta-zachuka-srce-istoriski-den-vo-makedonskoto-zdravstvo-03.jpgфото: Фејсбук Венко Филипче

Му посакуваме на пациентот долг и среќен живот, а срцето да чука до 101! 

На следната страна - емотивна објава со фотки и видео од операционата сала...



Би можело да ве интересира:

Емотивна објава по смртта на Рамуш Мухарем: „Беше познат по Циркотека, но беше и ТикТок пред ТикТок ... „Почина Рамуш Мухарем - Цирко, најпознат по Циркотека, но сепак животно дело ќе ...
„Мојата преубава сестра, мојата гордост прослави роденден и пензија“ – Калиопи со емотивна објава за... „Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога б...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Како се маскираа Македонците за Halloween 2025? (фото+видео) Во пресрет на Ноќта на вештерките, уметникот и мајстор на трансформации со шминк...
Цаци Паковска емотивна за роденденот на синот (14): „Додека трепнав, од бебе во моите раце, се претв... „Трепнав, и бебето во моите раце е заменето со овој извонреден млад човек, со св...
Браво! Фризерка од Кривогаштани од коса го направи ликот на Петре Прличко - Игор Џамбазов воодушевен Светлана со години прави портрети од коса од познати личности со кои ја воодушев...

Најчитани неделава