Халкбанк утре почнува со исплата на мајската пензија

Халкбанк утре ќе почне со етапна исплата на мајската пензија за пензионерите кои добиваат пензија преку Банката.

halkbank-utre-pochnuva-so-isplata-na-majskata-penzija-01.png

Утре (среда), своите пензии ќе ги добијат сите оние кои користат платежна картичка и истите ќе може средствата слободно да ги користат при пазарење, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа: 

До 11.000 денари - 27.5.2020 г. (среда)

11.001-14.000 денари - 28.5.2020 г. (четврток)

14.001-18.000 денари  -29.5.2020 г. (петок)

Над 18.001 денари - 01.6.2020 г. (понеделник)

Од Банката упатуваат апел до пензионерите, во нивен интерес и за поголема заштита, користењето на мајската пензија да ја извршат преку платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба од готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.  

Истовремено, на шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на истата на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, а ќе бидат ангажирани и лица за одржување на редот, со цел зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција од 08:30 до 15:30 часот.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто пог... 11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализац...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
„Мојата преубава сестра, мојата гордост прослави роденден и пензија“ – Калиопи со емотивна објава за... „Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога б...
Тон емоции! Миа Костова се сретна со Леонид, за чие лекување собираше пари - тој ѝ подари статуетка ... Во 2024 година Миа Костова организираше донаторска акција и за два дена собра 45...

Најчитани неделава