Книжарницата на Просветно дело во Сити мол – место кое зрачи со позитивна енергија

Просветно дело е најстарата издавачка куќа кај нас која успешно опстојува 75 години и која со својата мрежа од повеќе од 30 книжарници низ целата наша земја, стана препознатлив симбол за традиција и ненадминат квалитет кој е нашироко ценет од потрошувачите кои имаат целосна доверба во овој бренд.

knizarnicata-na-prosvetno-delo-vo-city-mall-mesto-koe-zraci-so-pozitivna-energija-01.jpg

Просветно дело веќе осум години успешно е присутна во Сити мол и е една од најуспешните компании во овој трговски објект.

Следејќи ги најновите трендови во уредувањето и осмислувањето книжарници според последните светски стандарди, Просветно дело ја отвори на нова локација во Сити мол најголемата и најлуксузната книжарница на овие простори.

knizarnicata-na-prosvetno-delo-vo-city-mall-mesto-koe-zraci-so-pozitivna-energija04.jpg

Уште при самото влегување, плени просторот во кој може да се вдишат и да се почувствуваат привлечноста и убавината на книгите и на изданијата за сите возрасти, за сите генерации и за сите вкусови.

Литература за деца од предучилишна и училишна возраст, тин-литература, белетристика, чик-литература, како и неизбежните лектири за основно и средно образование.

knizarnicata-na-prosvetno-delo-vo-city-mall-mesto-koe-zraci-so-pozitivna-energija-02.jpg

Водејќи се од филозофијата дека во една книжарница секој треба да си најде нешто за себе, Просветно дело нуди и голем избор на стручна литература од повеќе области, различни енциклопедии, атласи, речници, разговорници, како и голем број прирачници за брзо и лесно учење странски јазици.

knizarnicata-na-prosvetno-delo-vo-city-mall-mesto-koe-zraci-so-pozitivna-energija11.jpg

Важен дел од книжарницата е и просторот одвоен за училиштен и канцелариски прибор каде што може да се снабдите со сето она што ви е потребно за на училиште или за вашите канцеларии: квалитетни ранци од познати светски брендови, тетратки, боици, водени и темперни бои, моливи, острилки и друг прибор од производители чиј квалитет е покажан и докажан во целиот свет.

knizarnicata-na-prosvetno-delo-vo-city-mall-mesto-koe-zraci-so-pozitivna-energija08.jpg

Посебно привлечен е просторот посветен на програмата за чанти и куфери од некои од најреномираните  и најквалитетни светски брендови – едноставно кажано, тоа е местото од каде што започнува секое ново патување, секој нов одмор, секоја нова авантура.

knizarnicata-na-prosvetno-delo-vo-city-mall-mesto-koe-zraci-so-pozitivna-energija03.jpg

Во оваа книжарница има сè: од училиштен прибор, канцелариски материјал, ранци, машки и женски чанти, програма за патување − куфери − сè со врвен квалитет и пристапни цени.

Просветно дело – 75 години ви нуди бескомпромисен квалитет. Купувањето претставува вистинско уживање и задоволство во книжарницата на Просветно дело во Сити мол.

knizarnicata-na-prosvetno-delo-vo-city-mall-mesto-koe-zraci-so-pozitivna-energija02.jpg

Ве очекуваме со многу акции и изненадувања во сите наши книжарници!

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава