Јунак на денот – Онур го победи ракот и заѕвони на ѕвончето на Детска клиника

Кога некој ќе ја победи битката со ракот ни се полни душата, посебно кога ќе видиме детско лице кое со радост ѕвони на ѕвончето кога ја напушта Клиниката за детски болести.

junak-na-denot-onur-go-pobedi-rakot-i-zadzvone-na-dzvoncheto-na-detska-klinika-01.jpg

Овојпат Министерот Венко Филипче сподели видео од малиот Онур, кој ја добил битката со ракот и со насмевка ѕвони на ѕвончето пред напуштање на клиниката.

Во објавата напиша: 

Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.

Оваа недела е посветена на сите кои го победиле карциномот и на сите им посакуваме среќен живот исполнет со многу здравје и убави моменти.

Посакуваме што почесто да гледаме вакви позитивни вести.

Потсетете се и на Мила ја победи болеста - по хемотерапијата заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Љупка Митрова изнајми авион што носи натпис за роденденот на ќерката: „Долго баравме пилот, татко ми... „Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја пр...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...

Најчитани неделава