Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Окрупнување на финансискиот пазар: Генерали инвестмент ја купува Илирика Фонд Менаџмент

Generali Investments Slovenia е во процес на превземање на Илирика Фунд Менаџмент А.Д. Скопје преку спојување со Генерали Инвестментс АД Скопје, фирма-ќерка на најстарата компанија за управување со средства во Словенија, Generali Investments.

okrupnuvanje-na-finansiskiot-pazar-generali-invesment-ja-kupuva-ilirka-fond-menadzment-01.jpg

Трансакција се случува по одобрувањето од регулаторното тело на пазарот односно од Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Со преземањето Генерали Инвестментс дополнително ја зацврстува пазарната позиција како втора најголема компанија за управување со средства во Северна Македонија.

По завршување на превземањето на Илирика, Генерали Инвестментс АД Скопје ќе го зголеми пазарното учество на 26 проценти на македонскиот пазар.

Основанa во 2008 година, Генерали Инвестментс АД Скопје управува со 4 инвестициски фондови, 31,3 милиони евра со приближно 2.000 клиенти. По превземањето на Илирика, компанијата ќе превземе 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на 46 милиони евра и 3.900 клиенти.

Генерали Инвестментс АД Скопје останува цврсто закотвена на пазарот на капитал во земјава и со оваа аквизиција ја зацврсти својата позиција како едно од најдобрите друштва за управување во регионот. Под групациските закрила на Генерали Инвестментс, се отвараат вратите за уште појак локален и интернационален развој и проширување на производите и услугите за клиентите рече Luka Podlogar, Претседател на одборот на директори на Генерали Инвестментс АД Скопје.

„Ние ги интегрирваме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар. За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група рече Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Generali е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана во 1831, таа е присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти. Групацијата е лидер во Европа, но и континуирано го зголемува учеството во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Generali е да се биде “животен- партнер” на своите клиенти нудејќи им иновативни и персонализирани решенија благодарениe на својата дистрибутивна мрежа. Generali Investments управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на централна и источна Европа поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg