VIVAX топлински пумпи – Дигитализација на целиот систем за ладење и греење на секое домаќинство

Ширењето на WiFi технологијата и развојот на дигиталните апликации за паметните телефони ги создадоа предусловите за концептот на „паметно живеење“.

vivax-toplinski-pumpi-digitalizacija-na-celiot-sisem-za-ladenje-i-greenje-na-sekoe-domakjinstvo-01.jpg

Современите технологии кои што ги користат денешните мобилни телефони нудат решенија преку кои што секој еден човек може да ги контролира уредите во својот дом. Регулирајќи ги апаратите во домаќинството од било каде, дури и кога корисникот е далеку од дома, овозможува да се подобри конфорот за живеење и да се оптимизира потрошувачката на електрична енергија на секој дом.

Многу е важно и неопходно да се обезбеди сигурен систем за ладење и греење на домот, кој ќе биде најефикасен и ќе носи најниски трошоци, преку целата година. Можност за дигитализација на целиот систем за ладење и греење е предност плус, а истата ја нуди компанијата VIVAX, преку топлинските пумпи, чие функционирање може лесно и едноставно да се контролира преку мобилен телефон.

За пријатен престој во секој дом, на секое домаќинство му е потребен пријатен амбиент со соодветна температура, која што може да се добие со новите топлински пумпи на VIVAX, кои што имаат троен систем на работа, односно ладење, греење и топла вода, преку целата година. Предноста на топлинските пумпи е тоа што, нивното работење може да се поврзат со многу апарати во домаќинството.

vivax-toplinski-pumpi-digitalizacija-na-celiot-sisem-za-ladenje-i-greenje-na-sekoe-domakjinstvo-02.jpg

Можноста VIVAX топлинските пумпи да се поврзат со голем дел од уредите во домот, како што се подно греење, радијаторите, бојлерите за греење на вода и слично, овозможуваат постигнување на совршена температура во домот, во текот на целата година. Опцијата за WiFi поврзување, дава можност за контролирањње на работата на VIVAX топлинската пумпа, односно регулирањето на температурата во домот може да се прави едноставно преку мобилниот телефон, од било кое место со интернет конекција. Преку опцијата на мобилниот телефон, сега едноставно може да се провери состојбата на работата на уредите во домот кои се поврзани со топлинската пумпа, да се намести температурата, посебно во секоја соба од домот, да се сетира режимот на работа и доколку се појави некој дефект, информациите за истиот да се појават како известување на мобилниот телефон.

Времето кога уредите во домаќинството се контролираа преку далечински управувач полека поминува. Грижите за тоа дали домот ќе биде топол или ладен кога се враќаме од работа или прошетка, се веќе минато. Сега само со еден клик на мобилниот телефон може да ја поднесеме температурата која сакаме да ја имаме кога ќе се вратиме дома.

vivax-toplinski-pumpi-digitalizacija-na-celiot-sisem-za-ladenje-i-greenje-na-sekoe-domakjinstvo-03.jpg

За повеќе информации и детали за новите VIVAX топлински пумпи обратете се на некој од телефоните за контакт 02 3202 837 / 02 3202 812 или посетете некое од продажните места преку продажната мрежа https://www.google.com/maps/d/u/0/viewer?hl=en&ll=41.741768085267886%2C21.76615387747355&z=7&mid=1QljR3INNv86PN05FkyDe1PNvxh5pgbzS.

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава