Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како до стипендија на Меѓународниот балкански универзитет?

Доколку сонувате да студирате на еден од најдобрите приватни универзитети, тогаш Меѓународниот Балкански Универзитет е вистинскиот избор.

kako-do-stipendija-na-megjunarodniot-balkanski-univerzitet-01.jpg

Како најдобар универзитет во областа на наставата и учењето, според Шангајската листа, МБУ нуди уникатна можност за стипендии засновани според успехот остварен во средното образование што претставува доказ дека вредната работа и учењето навистина се исплати.

Ваквиот начин на доделување стипендии е воведен за прв пат оваа година, додека пак до сега, стипендиите се доделуваа со приемен испит. Според новата програма, средношколците, во зависност од нивниот успех, имаат можност да се здобијат со стипендија од 50% до 100% за секој семестар.

Целосна стипендија, според новата програма на МБУ, е предвидена за оние ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда извадена од средното училиште, а идните студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. Стипендија од 80% ќе важи за оние ученици со среден успех 5.00, а нивната школарина ќе изнесува 200 евра по семестар. Учениците со среден успех од 4.50 до 4.99 добиваат стипендија од 70%, односно ќе плаќаат школарина од 300 евра. Стипендија во вредност од 60%, односно школарина од 400 евра по семестар, добиваат учениците со среден успех помеѓу 4.00 и 4.49 и 50% стипендија, односно школарина од 500 евра од семестар, може да добијат учениците со среден успех од 3.00 до 3.99.

Меѓународниот Балкански Универзитет наставата ја одржува на англиски јазик и ја нуди оваа можност за стипендија на ученици од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

На идните студенти, универзитетот им нуди студии од светски ранг и кампус кој ги исполнува сите стандарди на врвен универзитет. Модерниот, квалитетен, студентски-фокусиран и кариерно-ориентиран образовен систем на студентите им нуди и примена на програмата Еразмус+ и целосна стипендија за студентска мобилност во еден од 200-те универзитети во 40-тина земји од светот со кои соработува. Дипломата од МБУ гарантира започнување на кариера веднаш по дипломирањето.

Идните студенти, можат да аплицираат за стипендија на еден од областите при МБУ и тоа: Факултет за инженерство, Факултет за економски и административни науки, Факултет за хуманистички и општствени науки, Факултет за образовни науки, Правен факултет, Факултет за уметност и дизајн и Факултет за комуникации.

За учениците кои ги исполнуваат условите, периодот за аплицирање на првиот уписен рок е веќе започнат, за вториот уписен рок, периодот за аплицирање трае од 13 јули до 21 август, а третиот уписен рок е од 31 август до 25 септември.

Одличниот академски кадар и кампусот од светски ранг се само дел од предностите на овој универзитет. Земете ја академската иднина во свои раце и аплицирајте денес.

Би можело да ве интересира:

Учениците од ООУ: „Јохан Хајнрих - Песталоци“ го посетија центарот за селекција на отпадот Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската о...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Миа Костова за патувањето на Санторини: „Во таверна со добар поглед нема да поминете со помалку од 2... „Немам фотографија од магаренцата на Санторини затоа што искрено ужасно ми е ког...
Јелена Спенџарска со спомени од детството: „Ми фали кога во основно ќе купевме 30 честитки за Нова Г... „Ми фали времето од основно кога ќе купев 30 честитки за Нова Година и на сите м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg