Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

На 3-ти јули 2020 година (петок), Еуростандард банка започнa со исплата на парични права од социјална и детска заштита, и тоа на сите корисници, без поделба во групи по азбучен ред.

eurostandard-banka-na-50000-korisnici-naprrichni-prava-od-socijalna-ashtita-kje-izvrshi-isplata-vo-eden-den-01.jpg

Исплатени се корисниците на парична помош кои своите средства ги добиваат на картичка, клиентите кои средствата ги подигнуваат на шалтерите на банката, како и 20.000 корисници на парични права од социјална и детска заштита кои своите средства ги добиваат во својот дом.

Еуростандард банка е всушност и единствената банка во земјава која на своите клиенти паричната помош ја доставува директно до нивниот дом, и тоа на целата територија на државата.

„Свесни сме за состојбата со пандемијата која нѐ засега сите и осврнувајќи се на препораките населението да не излегува од дома без поголема потреба, сакаме на сите наши клиенти кои не се во можност да ги подигнат своите средства од експозитурите да им излеземе во пресрет, со цел да не се изложуваат на дополнителен ризик. Веруваме дека со овој гест успеваме барем малку да придонесеме за поголема заштита на населението“, велат од Еуростандард банка.

Инаку, експозитурата Центар која е наменета исклучиво за корисниците на надомест од Министерството за труд и социјална политика, своите капацитети ги стави на максимум при што сите шалтери на експозитурата од 08 до 16 часот од понеделник до петок ќе им бидат на располагање на клиентите.

Дополнително, за корисниците на Mastercard дебитната картичка, Банката овозможи дополнителна поволност своите средства да можат да ги подигнат без надоместок, како на банкоматите на Еуростандард банка, така и на банкомати на сите други банки.

Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...

Најчитани неделава