Тамара со емотивна објава за Влатко Илиевски: „Бев да ти запалам свеќа, се изнаплакав и си отидов“

Поминаа 2 години откако прерано згасна животот на нашиот Влатко Илиевски, а Тамара напиша емотивни зборови кои ќе ви ги насолзат очите.

tamara-so-emotivna-objava-za-najdobriot-prijatel-bev-da-ti-zapalam-svekja-se-iznaplakav-i-si-otidov-01.jpg

На 6-ти јули 2018-та, на само 33 години почина Влатко Илиевски, рокерот со нежна душа и завидна енергија со која ги освојуваше сите.

2 години подоцна, Тамара се потсети на еден од последните разговори со нејзиниот најдобар пријател, кој никогаш нема да биде заборавен.

Силни зборови кои ќе допрат до сечие срце:

Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола твојата омилена песна, се изнаплакав како дожд што лие и си продолжив.

Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб. Не ти верував. Во многу работи не ти верував. Меѓу нив е и онаа последна реченица, “Дојди Тами да се видиме, ќе ме нема за брзо”....... Ти се изнасмеав и ти реков, ќе те барам. И си отиде.Те нема. Еве веќе две години.
Нема ден да не помислам на тебе.

На Хана и раскажувам многу често за тебе и цело време и викам колку ми е жал што не те памти. На мама другарот. Најдобриот. Никој, никогаш нема да го земе твоето место, зошто ти беше единствен. Моето сино око. Мојот најверен пријател. Мојот натапиран скакулец, мојот Влатче. ?

Вечна ти слава!!!

Потсетете се на нивната заедничка песна: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...
Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во... „Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели ко...
Тамара Тодевска му честита роденден на Лука, по гласините дека не се заедно: „Те бирам тебе – секога... „Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави“ – напиша Тамара Т...
Тамара Тодевска за разделбата на родителите: „Се срамев да не дознае некој, а татко ми ми фалеше нав... „Јас бев многу мала, во тој период имав околу 8-9 години кога се разделија. ...

Најчитани неделава