Наградна игра за при-пејд корисници на А1 Македонија: Надополни и играј за iPhone SE 20

Скопје, 06.07.2020 – А1 Македонија продолжува со летните изненадувања, овојпат за своите при-пејд корисници, кои со секое надополнување на кредит на својата при-пејд сметка во периодот од 6ти јули до 13ти септември, добиваат можност да учествуваат во наградната игра „Надополни и играј за iPhone SE 20” со што стануваат потенцијални добитници на iPhone SE 20.

nagradna-igra-za-pri-pejd-korisnici-na-a1-makedonija-nadopolni-i-igraj-za-iphone-se-20-01.jpg

Наградната игра започнува денеска, a во десет неделни извлекувања ќе бидат доделени 20 смарфони iPhone SE 20, односно по два на секое извлекување. Еден циклус трае една седмица, односно започнува во понеделник и трае до недела до полноќ и сите кои во тој период ќе надополнат кредит на својата при-пејд сметка влегуваат во неделните циклуси за извлекување за смарфон. Корисниците на при-пејд услуги можат да надополнат кредит електронски, со хартиени ваучери, преку пост-пејд сметка на при-пејд сметка, преку банкомат или PayNet, но независно кој канал за надополнување ќе го изберат, со минимално надополнување од 100 денари стануваат учесници во наградната игра. Колку е поголем износот на надополнување на кредит на при-пејд сметката, толку се поголеми шансите за освојување награда. Еден денар претставува една можост во извлекувањето, со надополнување од 300 денари, корисникот се појавува 300 пати во извлекувањето.

Право на учество имаат сите лица кои се над 18 години и кои користат една од тарифните модели на при-пејд услугите на А1 Македонија. Сите корисници кои ги исполнуваат условите за учество во наградната игра со секое надополнување стануваат потенцијални добитници и земаат учество во неделните извлекувања за iPhone SE 20.

Добитниците на iPhone SE 20 ќе уживаат во перформансите кои ги нуди овој смарфон, па летните авантури ќе можат да ги забележат со камера од 12MP и видеа во 4K резолуција спакувани во и 64GB внатрешна меморија.

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...

Најчитани неделава