„Ја растам веќе 16 години“ - Македонка има коса речиси до земјата
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ја растам веќе 16 години“ - Македонка има коса речиси до земјата

Билјана вели дека луѓето постојано ја коментираат нејзината коса, а некои дури и сакаат да се фотографираат со неа.

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-01.jpg

Билјана Наскова од Јосифово, Валандово, е 33-годишна девојка на која веќе 16 години долгата коса ѝ е препознатлив знак.

Таа вели дека го обожава чувството дека долгата коса ја прави уникатна.

За CRNOBELO.com открива како ја негува косата, но и какви се реакциите на случајните минувачи:

„За почеток морам да напоменам дека сум родена со многу коса и самите можете да видите на фотографијата која ми е направена на година и неколку месеци. Од тинејџерските години ми дојде идеја да ја растам затоа што сакав по нешто да се издвојувам од останатите .

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-03.jpg

Косата ја растам веќе 16 години и сегашната должина ми е 150 сантиметри. Во последните години ја одржувам истата должина бидејќи колку е подолга, толку е потешка за одржување.

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-09.jpg

Многу пати сум имала понуди за откуп, но не ги прифаќам бидејќи кога би се решила некогаш да ја скратам тоа би било за донација.

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-02.jpg

Околу негувањето немам никаков проблем затоа што со години ја имам и сум навикната како лесно да се справам со неа. Нормално не можам секогаш да ја носам пуштена бидејќи смета при извршување на работните обврски.

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-08.jpg

Луѓето кога ќе ме видат првпат се изненадени од должината на мојата коса. Често слушам гласови позади грб „Леле, види ѝ ја косата“,  често ми поставуваат и прашања како ја негувам, а има и такви што сакаат и да се сликат со мене. Најмногу се радуваат малите девојчиња кои и самите посакуваат да имаат толку долга коса.

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-06.jpg

Фотки од Билјана Наскова:

 zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-07.jpg

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-05.jpg

zapoznajte-ja-devojkata-so-mozhebi-najdolgata-kosa-vo-makedonija-foto-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава