А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници - Новите активации на Е-сметка можност за освојување на електричен велосипед

Скопје, 13.07.2020 – Електронските услуги и процесот на дигитализација кои станаа наше секојдневие, се поттик повеќе за А1 Македонија и кон реализација на својата цел за  овозможување на дигиталната трансформација и во таа насока продолжува да ги охрабрува корисниците за користење на дигитални алатки. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, А1 Македонија стана пионир во дигиталната иновативност и премиум корисничко искуство на пазарот.

a1-makedonija-prodolzhuva-so-podaroci-za-svoite-korisnici-novite-aktivacii-na-e-smetka-mozhnost-za-osvojuvanje-na-elektrichen-velosiped-01.jpg

Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната веб страница на линкот.

По циклусот извлекувања за пакет смарфони, од сега со активирање на електронска сметка корисниците на А1 автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед. Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор. Во првото извлекување, на 5 август учествуваат сите корисници кои имаат активирана Е-сметка најдоцна до последниот ден од месецот јули 2020.

Право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, сите корисници на А1 Македонија кои ги исполнуваат условите и кои извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку официјалната веб страницата на А1 Македонија или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок.

Активирање на услугата Е-сметка може да се изврши преку апликацијата Мојот А1 во делот Сметки или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410 додека бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот.

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
Германец, што живее во Македонија, го покажува родниот град: „Улиците мирисаат на шампон“ „Сакам Македонка жена, не сакам од Фрајбург. Инаку, оваа година бев тука само 2 ...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...

Најчитани неделава