Нов маркет на Електрометал во Охрид! Големо отворање со бесплатна храна, пијалоци и -15% попуст на целиот асортиман во Електрометал во Охрид!

Оваа среда (22.07.2020) со почеток во 12:00 часот е закажано големото отворање на новиот маркет на Електрометал во Охрид. Новиот маркет се протега на површина од преку 1.000 метри квадратни и е лоциран во близина на маркетот Тамаро и фабриката Братсво, а ќе располага со преку 60.000 производи од најквалитетните светски и домашни брендови.

nov-market-na-elektrometal-vo-ohrid-golemo-otvoranje-so-besplatna-hrana-pijaloci-i-15-popust-na-celiot-asortiman-vo-elektrometal-vo-ohrid-01.jpg

Како што е веќе редовна пракса, отворањето ќе биде проследено со многу изненадувања за сите посетители – бесплатни Hobby Card лојални картички за сите посетители, 15% попуст на целиот асортиман и дополнителни акциски цени за одредени производи со намалување и до 40%, како и традиционално, бесплатен хот-дог, пијалоци и кафе за сите кои ќе го посетат маркетот.

nov-market-na-elektrometal-vo-ohrid-golemo-otvoranje-so-besplatna-hrana-pijaloci-i-15-popust-na-celiot-asortiman-vo-elektrometal-vo-ohrid-02.jpg

„Ширењето на малопродажната мрежа е стратешка определба на Електрометал, а со отворањето на овој маркет во Охрид, продолжуваме по претходно зацртаната патека чија главна цел е отворање маркети во сите градови низ Македонија и зацврстување на брендот Електрометал како водечки DIY бренд во нашата земја“ – изјави Иван Калинов, директор на малопродажба.

„Асортиманот и понудата на производи во Охрид буквално кореспондираат со нашиот слоган – „Центар за Вашиот дом“ – бидејќи клиентите ќе можат да пронајдат сé што им е потребно за нивните домови. Располагаме со најголем избор на производи на пазарот и веруваме дека жителите на Охрид заслужуваат ваков вид на маркет каде ќе можат да пазарат производи од најдобрите брендови по најдобри цени во регионот“ – заврши Калинов.

Отворањето е закажано за 12:00 часот, а тимот на Електрометал ќе ги пречека жителите на Охрид и околните места со многу позитивна енергија, бесплатна храна, пијалоци и неповторливи попусти.

nov-market-na-elektrometal-vo-ohrid-golemo-otvoranje-so-besplatna-hrana-pijaloci-i-15-popust-na-celiot-asortiman-vo-elektrometal-vo-ohrid-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Валентин од Охрид ја запроси саканата на ракометен натпревар во Прага - клекна на колено среде терен Во навивачки дресови на својот омилен клуб ГРК Охрид, парот се симнаа на ракомет...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава