Идеа Лаб со тимска еко акција на Маврово: СТОП за уништувањето на природата

Изминатите денови тимот на Идеа Лаб уживаше во убавините на Маврово. По многуте организирани тим билдинзи за компании кои што ги има организирано оваа агенција, овој пат истата организираше тим билдинг за својот тим.

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata-01.jpg

Поттикнати од идејата за развој на туризмот и зајакнување на економијата преку летување во Македонија и уживање во македонските природни убавини, оваа агенција започнува интересен предизвик кој има за цел да ги стимулира останатите млади компании кои имаат желба да ја запознаат Македонија.

„Идеа Лаб како маркетинг и ПР агенција досега има организирано над 150 тим билдинзи за многубројни компании со цел доближување на нивните вработени и развој на тимскиот дух. Оваа година тим билдингот за вработените од Идеа Лаб решивме да го направиме на малку поразличен начин.

Тим билдингот беше исполнет со многу креативни игри, кои што ги зближија членовите на тимот, пропратени со многу адреналин, како и многу забава. Сето ова ни беше доста потребно на сите, особено по стресниот период од карантинот и актуелниот корона вирус“, изјави Димитар Атанасовски, еден од сопствениците на маркетинг и ПР агенцијата, Идеа Лаб.

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata-02.jpg

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata06.jpg

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata10.jpg

Покрај многубројните авантури на Идеа Лаб, шетајќи низ околината на Маврово, Леуново, Никофорово, Сретково и Церово, поради забележаните огромни количества на отпад, искористени шишиња, пластика, но и искористени маски за заштита од корона вирусот расфрлани покрај патот, со тимски брзо организирана еко акција се исчисти околината од отпадот.

„Несебично, тимот на Идеа Лаб се впушти во еколошка акција на чистење на прекрасната природа од отпадот расфрлан од несовесните посетители. Ние велиме СТОП за уништувањето на природата, затоа што одбраната на животната средина започнува од поединецот.

Со појавата на корона вирусот, заштитата и хигиената мора да се на високо ниво, а со оставање на отпадоци зад себе, не се допринесува за зачувување на здравјето и спречување на ширењето на вирусите и бактериите. Идеа Лаб како општествено одговорна агенција има единствена цел, а тоа е да ги поттикне сите компании, без разлика на нивната големина, да се вклучат во запознавањето на Македонија и зачувување на животната средина“, додаде Димитар.

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata09.jpg

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata05.jpg

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata04.jpg

idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata03.jpg

Idea Lab Eko Akcija  (1).JPG

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...

Најчитани неделава