Фестивал на отворено во Крушево од 01 до 10 август со спортски и адреналински активности

festival-na-otvoreno-vo-krushevo-od-01-do-10-avgust-so-sportski-i-adrenalinski-aktivnosti-01.png

Пријатели на Крушево и вљубеници во природата, авантурите со When in Krusevo outdoor фестивал не изостануваат и оваа година!

Земајќи ги во предвид сите безбедносни мерки и препораки, како одговор на Covid-19, другарите од Outdoor Manifest оваа година го организираат фестивалот во поинаков, но не и помалку возбудлив концепт!

When in Krusevo оваа година ќе се одржи по четврт пат во периодот од 01 – 10 август 2020. Во рамки на фестивалот и оваа година се вклучени многу спортски и outdoor активности и поволности: адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, МТВ и планинарски тури низ прекрасните крушевски предели, трчање, кајак, SUP, качување на вештачка карпа и други настани. 

festival-na-otvoreno-vo-krushevo-od-01-do-10-avgust-so-sportski-i-adrenalinski-aktivnosti-02.png

Десетдневната карта изнесува само 400 денари. Со истата добивате уникатна фестивалска маичка, подароци од партнерите и поддржувачите на фестивалот, како и бројни поволности и попусти. Картата може да се купи онлајн на МкТикетс или преку нивната продажна мрежа.

Сите детали ги имате на официјалната веб страна http://wheninkrusevo.mk и Facebook настан: www.facebook.com/events/2718385838280375

Ве покануваме на оригиналниот outdoor фестивал When in Krusevo на 100% чист воздух, ѕвездени ноќи, свежи утра и многу авантури за време на вашиот престој во славното Крушево.

Би можело да ве интересира:

7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...
Љупка Митрова во Атина му го прослави роденденот на сопругот со луксуз, танга и жартиери, а објави и... Атрактивната струмичанка објави кадри од хотелската соба каде престојува со сака...
Лила се забавува во Бодрум - позира на фламинго, ужива на пена-журка на базен, ги покажа извајаните ... Водителката ги насмеа своите следбеници откако на Инстаграм Стори објави фотка н...
Гласот на младите стоматолози од Штип: „Дентум“ ја буди студентската иницијатива Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Ш...
Маја Гроздановска Панчева на викенд со ќерките убавици - уживаат во Грција, девојките се нејзина коп... Освен што воодушеви со фотката на која е со ќерките, Маја привлече внимание и со...

Најчитани неделава