Проектот „Ново Име“ во Македонија: Викторија Симеонова се избори за поддршка за унапредување на својот талент

Гитарата е нејзиниот најдобар пријател веќе шест години, а музиката за неа е светлост која го осветлува секој нејзин ден и жица која ја спојува со прекрасни луѓе. Таа е Викторија Симеонова и четврто Ново Име во Македонија.

proektot-novo-ime-vo-makedonija-viktorija-simeonova-se-izbori-za-poddrshka-za-unapreduvanje-na-svojot-talent-01.jpg

Така, четвртиот циклус на проектот за поддршка на младите од цела Македонија со износ во висина до 2.500 евра за да ги унапредат своите вештини и знаења од областа на науката, културата, уметноста или спортот, успешно е приведен до крајот. Но, тоа е само почеток за Викторија Симеонова од Кочани, која како Ново Име на музиката споменатата награда ќе ја искористи за унапредување на своето знаење како виртуоз на гитара.

„Среќна сум што успеав да победам и така да покажам и на себе и на другите дека да се има талент значи и да се биде упорен и истраен. Исто така секако би препорачала и на другите млади луѓе во Македонија – да ја искористат шансата, да се пријават на ‘Ново Име’ и да ги остварат некои од своите сништа. Кој не проба, не може ни да успее”, порача Викторија, која музиката ја спои со другарката со која се пријави за учество во “Ново Име” и победи.

Тука, секако, не е крајот, затоа што овој проект продолжува да живее. Имено, сите млади на возраст од 16 до 30 години, кои веруваат дека поседуваат некој талент, вреден да го претстават на светот и со тоа да обезбедат поддршка со која ќе го унапредат, треба да ги испратат своите пријави до средина на месецот. Како – па лесно – сите информации се достапни на платформата novoime.mk, така да, подготвувајте ја својата апликација и анимирајте ја публиката.

Пробај ја својата среќа, можеби си баш ти нашето петто Ново Име во Македонија?! Среќно!

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Сашко Коцев ќе бил Матеј, Каролина е крстена по прабаба ѝ - Како требало да се викаат познатите Маке... Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека ...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава