А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници: Бенефити од користење на услугата Е-сметка и можност за подарок електричен велосипед

Скопје, 05.08.2020 – Денеска заврши првиот од трите циклуси на извлекувања за седум електрични велосипеди, односно сите кои ја користат услугата Е-сметка на А1 Македонија автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед.

a1-makedonija-prodolzhuva-so-podaroci-za-svoite-korisnici-benfiti-od-koristenje-na-uslugata-e-smetka-01.jpg

Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор.

Следното извлекување е закажано за 4 септември, а право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, сите корисници на А1 Македонија кои ги исполнуваат условите и кои извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку официјалната веб страницата на А1 Македонија или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок.

Купување преку интернет, плаќање на сметките, но и целиот процес на дигитализација стана составен дел од нашето секојдневие. Промена на нашите навики, но и отворање на нови можности е поттик А1 Македонија да им помогне на своите корисници кон дигиталната трансформација. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, иновативни канали за комуникација и достапност на услугите, А1 Македонија нуди бенефити за своите корисници и го подобрува нивното корисничко искуство.

Користење на услугата Е-сметка носи бенефити за корисниците, па покрај заштеда на време и плаќање на сметката од удобноста на домот, истата придонесува кон заштита на животната средина, односно го елиминира нивото на отпад од хартија. Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната веб страница на линкот www.A1.mk/plati-smetka.

Активирање на услугата Е-сметка може да се изврши преку апликацијата Мојот А1 во делот Сметки или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410 додека бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот.

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...

Најчитани неделава