Нема повеќе контролни тестови, децата почнуваат со онлајн настава - прес-конференција на Филипче и министерот за образование

На денешната прес-конференција, министерот Венко Филипче изјави дека засега ситуацијата е стабилна, но се подготвуваме за есента, кога ситуацијата може да се комплицира.

nema-povekje-kontrolni-testovi-decata-pochnuvaat-so-onlajn-nastava-pres-konferencija-na-filipche-i-ministerot-za-obrazovanie-01.jpg

Министерот сподели и дека пациентите кои се наоѓаат во изолација ќе можат да почнат да излегуваат без контролен тест. Оваа одлука била донесена после анализата која покажала дека вирусите кај контролните тестовите не можат да предизвикаат инфекција.

Она што ги интересира сите е како ќе се одвива наставниот процес од септември: министерот изјави дека целта е децата да се вратат на училиште, но образовниот процес мора да биде безбеден за децата, наставниците и родителите.

Имајќи ги предвид искуствата од другите држави, одлуката на Комисијата за заразни болести е наставата да почне онлајн, но со два исклучоци:

1. Децата од прво до трето одделение ќе посетуваат настава на училиште, но родителите ќе можат да избираат – дали детето ќе следи онлајн настава, или ќе оди во училиште

2. На барање на некои општини, училиштата и општините каде што има мал број заразени ќе можат да побараат дозвола за настава со физичко присуство.

Министерот ги сподели и мерките кои ќе треба да се почитуваат за време на наставата. Имено, во една училница ќе има не повеќе од 20 деца, кои ќе седат на растојание од 1,5 метри. Сите деца и наставниците мораат да носат маски, а наставникот ќе треба постојано да биде присутен во училницата.

Истовремено, часовите за разните одделенија ќе почнуваат со 10 минути разлика, со цел да се избегне групирањето на децата пред почетокот и после крајот на наставата.

Целата прес-конференција во продолжение:

/

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава