15 септември - Ден за пензиската свесност: Вториот и третиот пензиски столб продолжуваат да растат и во услови на Ковид криза

Скопје, 15.09.2020 – И покрај предизвиците што ги наметна Ковид-19 кризата, капитално финансираното пензиско осигурување кое е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финанскиот систем, веднаш по банкарскиот сектор, остана стабилно и продолжи со својот раст.

15-septemvri-den-za-penziskata-svesnost-vtoriot-i-tretiot-penziski-stolb-prodolzhuvaat-da-rastat-i-vo-uslovi-na-kovid-kriza-01.jpg

Имено, вкупните акумулирани средства во задолжителните и доброволните приватни пензиски фондови со кои управуваат пензиските друштва во вториот квартал од оваа година забележаа раст од 7,9% во однос на првите три месеци од 2020-та година.

„На Денот посветен за пензиската свесност 15 септември, перформансите на капитално финансираното пензиско осигурување се навистина охрабрувачки. Истите придонесуваат за натамошно зголемување на довербата во МАПАС која врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства, со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови“, вели Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС.

Паралелно со својата супервизорска функција, МАПАС континуирано продолжува со активности за информирање и едукација на граѓаните за начинот на функционирање, придобивките и можностите што ги нуди тростолбениот пензиски систем, за правата и обврските на членовите во задолжителните и доброволните пензиски фондови, за последните промени во регулативата за тоа кој може да биде член во вториот пензиски столб, како и за потребата од редовно ажурирање на личните податоци и континуирано следење на својата пензиска заштеда.

Посебен акцент во информирањето на јавноста, особено во рамки на активностите за годинешното одбележување на 15 септември - Денот за пензиската свесност, ќе се стави на зголемувањето на свесноста кај младите за тоа дека вистинските одлуки за нивната пензија треба да ги донесуваат уште сега, односно со нивното прво вработување, а не пред пензионирање.

Инаку, бројот на членови во задолжителните и доброволните пензиски фондови на крајот на август 2020 година изнесува 547.616, а вкупната вредноста на нивните акумулирани средства надминува 1,37 милијарди евра.

Повеќе инфoрмации на mapas.mk

15-septemvri-den-za-penziskata-svesnost-vtoriot-i-tretiot-penziski-stolb-prodolzhuvaat-da-rastat-i-vo-uslovi-na-kovid-kriza-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Кирил Колемишевски, поранешен член на Нокаут: „Дали Македонците можат да купуваат станови во Шпанија... „Да. Можат. Без жителство, без посебни дозволи и без никакви забрани. Само треба...
Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто пог... 11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализац...
Македонец тргна да трча од Соборен храм до Острог цели 600km за да собере пари за болни дечиња: „Ќе ... „Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не...
Студенти и експерти заедно во Преспа: Архитектонско документирање на  културното наследство   Теренската активност се реализира во рамки на ЕУ проектот ACT4PRESPA  Те...
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека кој... Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:...

Најчитани неделава