ЕБОР и НЛБ Банка Скопје со здружени сили за поддршка на корпоративниот сектор и населението

Финансискиот пакет ќе ги поддржи конкурентноста и енергетската ефикасност

ebor-i-nlb-banka-skopje-so-zdruzheni-sili-za-poddrshka-na-korporativniot-sektor-i-naselenieto01.jpg

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка Скопје потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони ЕУР за поддршка на македонските претпријатија.

Финансискиот пакет се состои од:

Кредитна линија од 5 милиони ЕУР од Програмата за поддршка на конкурентноста на локалните мали и средни претпријатија, за инвестиции за надградба на производните капацитети во насока на зголемена комплементарност со различните ЕУ Директиви во областа на заштита на човековата околина, безбедноста на работниците и квалитет на производите, како и сигурност во работењето. Оваа програма е поддржана од Европската Унија и НЛБ Банка ќе биде петтата македонска банка која ќе се приклучи на истата;

ebor-i-nlb-banka-skopje-so-zdruzheni-sili-za-poddrshka-na-korporativniot-sektor-i-naselenieto02.jpg

Кредитна линија од 3 милиони ЕУР од Програмата за финансирање на зелена енергија за поддршка на инвестициите во зелени технологии, материјали и решенија во станбени згради и домови во приватна сопственост. НЛБ Банка ќе биде четвртата локална банка која ќе се приклучи на програмата поддржана од Европската Унија, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.

Со цел справување со пандемијата предизвикана од Covid 19 вирусот, во нашата земја беа преземени ригорозни мерки, а кризата имаше негативно влијание на економијата во целост. И покрај негативните ефекти од кризата, побарувачката за продукти наменети за подобрување на конкурентноста и обезбедување на енергетската ефикасност, остана на високо ниво. Се очекува овие две кредитни линии да ги покријат токму овие потреби.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави:

,,Среќни сме што денеска НЛБ Банка стана дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија. Програмата за поддршка на конкурентноста е програма развиена од ЕБОР и ЕУ, преку која локалните мали и средни претпријатија се поддржани во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравје и безбедност, како и квалитет на производи; области каде сакаме македонските претпријатија да се издигнат, бидејќи се стремат кон интеграција во регионалните и Европските пазари. Програмата за финансирање на зелената економија се фокусира на кредитирање на побарувачката за енергетска ефикасност од страна на граѓаните, која продолжува и во овие времиња на предизвици, но ние остануваме да им бидеме на располагање на клиентите во поддршка на зелената транзиција на Северна Македонија.”

ebor-i-nlb-banka-skopje-so-zdruzheni-sili-za-poddrshka-na-korporativniot-sektor-i-naselenieto-03.jpg

Антонио Аргир - Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка - додаде:

“Обезбедувањето на овој финансиски пакет е од особена важност за нашите клиенти затоа што ќе им се обезбеди полесен пристап до средства за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија, остварување на енергетски заштеди и заштита на животната средина. Со новите кредитни линии ќе ја збогатиме понудата на Банката со нови кредитни продукти и силно веруваме дека истите ќе побудат интерес кај македонските компании и населението. Склучувањето на овој договор е уште еден доказ за успешната соработка која низ годините ја градиме со ЕБОР и нашата заедничка мисија да обезбедиме континуирана поддршка на растот на македонската економија “.

Со оваа конкурентна кредитна понуда прилагодена на актуелните потреби на пазарот продолжува континуираната долгогодишна соработка меѓу ЕБОР и НЛБ Банка. Преку неа Банката успешно  ја потврдува својата позиција на промотор и поддржувач на растот на локалните бизниси и воопшто населението. Со овие продукти клиентите истовремено ќе имаат помали трошоци заради енергетските заштеди, но и ќе добијат одреден процент на поврат на средства по успешно реализираната инвестиција

НЛБ Банка АД Скопје има значајно искуство во пласирање на кредити од ЕБОР, кои им помагаат на бизнисите и домаќинствата во подобрување на енергетската ефикасност и поттикнување на конкурентноста. НЛБ Банка АД Скопје е една од трите најголеми македонски банки, со мрежа од 52 експозитури на национално ниво, преку која ќе се пласираат средства од оваа кредитна линија.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2 милијарди во 134 проекти во земјата.

ЕБОР одлучно одговори на пандемијата и сега е посветена на насочување на активностите во справување со економските последици од КОВИД-19, со вкупен пакет на поддршка од €21 милијарда, до крајот на 2021 година.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg