Гладијаторите се враќаат во Стоби: Промотивен викенд на локалитетот

Од утре, 19 септември, првата апликација за виртуелно искуство која овозможува патување во минатото и доживување на гладијаторски преформанс од 2 в.н.е во грандиозниот театар на Стоби е достапна за поситителите на Археолошкиот локалитет Стоби.

gladijatorite-se-vrakjaat-vo-stobi-promotiven-vikend-na-lokalitetot-01.jpg

Новата туристичка понуда користи технологија за виртуелна реалност во промоција на богатото културно наследство на Стоби. Продуцираната VR апликација ги води посетителите на интерактивно патување низ времето и просторот, претставувајќи им го римскиот театар во својот полн капацитет, жителите на стоби, опремата на гладијаторите, како и самите гладијаторски борби.

„Нашата организација веќе неколку години работи на развој на социјани иновации со користење на технологијата. Соработката на креативните и културните институции е неопходна за развој на инвоативни проекти кои ќе го доближат и промовираат богатото културно наследство на Македонија и ќе овозможат нови искуства на посетителите на културните иснтитуции. Соработката со Стоби е одличен пример за користење на новите технологии во содавање на нови дигитални алатки за доживување на културното наследство.“- велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Римскиот театар во Стоби е еден од најимпресивните објекти изградени во овој град, и е еден од четирите римски театри откриени во денешна Македонија. Репертоарот на театарот се состоел од гладијаторски борби, борби со диви животни, театарски претстави, мимички претстави, хорски изведби и други перформанси. Гледалиштето на театарот било со височина околу 20 метри, седиштата биле поставени во 34 реда со капацитетот од околу 7000 гледачи.

gladijatorite-se-vrakjaat-vo-stobi-promotiven-vikend-na-lokalitetot-02.jpg

„Проектот "Откривање на римскиот град Стоби - Виртуелено искуство" го вброи археолошкиот локалитет Стоби на листата на современите историско-археолошки паркови низ Европа. Со оваа апликација, години и страници научно – истражувачка работа се преточени во креативна дигитална алатка за презентација на автентичната историска реалност пред публиката од сите возрасти.“ – изјави Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.

Викендот, 19 и 20 септември, апликацијата промотивно ќе биде достапна на локалитетот и постетителите ќе имаат единствена можат бесплатно да го доживеат гледијаторското искуство. Посетите на Стоби ќе бидат организирани преку резервации, за кои јавноста може да се информира тука. Оваа услуга на локалитетот Стоби ќе биде достапна исклучиво со резервација на термин по цена од 180 ден.

Проектот "Откривање на римскиот град Стоби - Виртуелено искуство" е имплементира од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од Скопје во партнерство со Националната Установа Стоби, со поддршка од Регионалниот Совет за Соработка (Regional Cooperation Council), а финансиран од Европската Унија.

gladijatorite-se-vrakjaat-vo-stobi-promotiven-vikend-na-lokalitetot-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Кристијан од Скопје со искрена исповед: „Живеев 7 месеци во автомобил во Сиднеј, спиев на паркинг на... „Не беа само високите цени за сместување во Сиднеј причината, сакав да се предиз...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Катарина Ивановска на патување од соништата - Покажува како ѝ изгледа едно бајковито утро во Тоскана... Ако сон ви е да се разбудите во винтиџ автентична вила среде Тоскана со спектаку...
Каролина и сопругот Михаил на патување во Јапонија - Го истражуваат Токио, уживаат во локално виски ... Од опуштени прошетки во паркови, преку истражување музеи со изложби на познати с...

Најчитани неделава