ОКТА со донација на лаптопи и заштитни маски ќе го поддржи образовниот процес во Општина Илинден

(Скопје, 29.09.2020) – ОКТА донираше 30 лаптоп компјутери и 10.000 заштитни маски, со цел да се помогне непреченото одвивање на наставата во основните училишта на територијата на Општина Илинден.

okta-so-donacija-na-laptopi-i-zashtitni-maski-kje-go-poddrzhi-obrazovniot-proces-vo-opshtina-ilinden-01.jpg

Имајќи ги предвид условите во кои ќе се одвива учебната 2020 - 2021 година, компанијата како долгогодишен член на локалната заедница одлучи да ја поддржи општината во напорите за ефикасно и успешно организирање на воспитно – образовниот процес, во услови на пандемија од КОВИД-19.

„Образованието е од исклучителна важност за секоја држава без разлика на околностите и предизвиците со кои периодов сите се соочуваме. Затоа, дури и во оваа, нова реалност, образовниот процес мора да продолжи да се одвива непречено и на соодветен начин. ОКТА како општествено одговорна компанија е силен поддржувач на едукативниот развој на младите генерации во државата. Токму оваа донација е доказ за нашите искрени заложби за поквалитетен образовен процес, и во исто време потврда за нашата поддршка на локалната заедница во која работиме веќе 42 години. Верувам дека со оваа иницијатива ќе помогнеме основните училиште во Општина Илинден успешно да одговорат на предизвиците во новата учебна година“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Општина Илинден е подготвена за почетокот на учебната година што во голема мера се должи на поддршката од бизнис заедницата.

„Со ОКТА имаме воспоставено континуирана и блиска соработка во повеќе области меѓу кои образование, култура и заштита на животната средина. Заедно имаме реализирано низа проекти со кои е подобрен квалитетот на живот во општината. Во таа насока е и оваа донација, со која ќе се овозможи безбедно одвивање на наставата за учениците кои ќе бидат физички присутни во училиштата, а од друга страна одлични услови за работа за повисоките одделенија кои наставата ќе ја следат од дома“, изјави Жика Стојановски, градоначалник на Општина Илинден.

На територијата на Илинден има три централни и пет подрачни основни училишта, во кои наставата следат околу 2.000 ученици.

Би можело да ве интересира:

Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Ледената Бетика 15 години учествува на Вевчански карневал: „Сама ги правам маските, сум се враќала о... „Дел сум од оваа 1.400 и кусур годишна традиција 15 години, не како набљудувач, ...
Октај Сејди искрено и со солзи за почетоците и поддршката: „Мајка ми ме движи во животот, татко ми с... „Татко ми сакаше да бидам високо образован, додека јас сакав да го работам ова д...
Денес се празнува Св. Никола Чудотворец – кои обичаи треба да ги следат тие што имаат куќна слава? Денес се слави најчестата слава во македонските домови, Св. Никола - храната тре...

Најчитани неделава