Патот на младите режисери

Додека ние го гледаме филмот како готов производ за опуштање по напорниот ден, неговото создавање е многу посложено зад камерите. Голем број на луѓе се грижат филмот да изгледа беспрекорно и да ја донесе точната порака до публиката. Од сите нив, најприсутен во секоја работа е режисерот.

patot-na-mladite-rezhiseri-01.jpg

Тој е вклучен во речиси сите сегменти од правењето на филмот. Неговата визија е онаа која најмногу влијае на сите сцени затоа што негова работа е да го долови напишаното сценарио во визуелно искуство, а многу често и режисерот е оној кој го пишува и сценариото. Режисерот ги развива сцените, ликовите на карактерите, избира како ќе изгледаат, работи на светлото, сценографијата и внимава на секој елемент да е на своето место. 

Притисокот врз режисерот е огромен, особено ако е млад режисер по години, но и по искуство во овие води. Тие ги носат најголемите одлуки за филмот. А, снимањето на еден филм може да трае и со години. Најчесто, додека работат на еден филм, во меѓувреме бараат и следен за нивен нов ангажман. 

patot-na-mladite-rezhiseri-02.JPG

Работните часови на режисерите се често непредвидливи. Можат да работат во понеделник цел ден, а наредните денови да снимаат по 3-4 часа. За нив не е чудно да работат за викенд, навечер, ниту пак за празници.

Патот до успехот за нив е доста тежок, макотрпен и поплочен со многу различни карактеристики на работата кои со текот на времето се подобруваат, избегнуваат или пак се користат во нови форми и делови од следните филмови.

patot-na-mladite-rezhiseri-03.jpg

Кога си нов во работата како младите режисери, не секогаш ти е дадена шанса да се докажеш во бурните води на филмската индустрија. Но, затоа тука е Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој што има за цел да ги награди младите режисери за нивните филмови. Идејата на „Киненова“ е откривање на млади и нови таленти од целиот филмски свет без разлика на нивната географска положба. За „Киненова“ е секогаш прво филм, како што им е и слоганот оваа година. За да се уверите во квалитетот на младите, но и на докажаните режисери и добрите филмови, проследете ја програмата на Телевизија 24 на која што ќе се прикажуваат филмовите од овогодинешното издание на „Киненова“ и приредете си одлична филмска вечер со пријателите.

Би можело да ве интересира:

Македонијо, убава си! Златните полиња на патот накај Кочани се рај за очи и душа Понекогаш како да подзабораваме што сè Македонија има да ни понуди... Какви прек...
Пеце од Суперхикс за летувањето во Албанија - се шегува дека е патлиџан турист, восхитен е од новите... Вели дека речиси и не постои место што не го посетил во оваа земја од информации...
Гласот на младите стоматолози од Штип: „Дентум“ ја буди студентската иницијатива Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Ш...
Вирална објава на Македонка: „Зошто се иселуваат младите од Македонија? Сака да оформи семејство, а ... „Се утепува од учење, гледа како други зимаат дипломи со иста вредност за пари! ...
Живко Мукаетов за детството: „Во маало бевме цел ден - дома одевме само да ручаме“ Во гостувањето во емисијата „Низ град со Кики“, Живко Мукаетов зборуваше за свое...
Каде се крие магијата? Перспективата на најмладите умови наспроти перспективата на учителите Во време кога трката по оценки, броеви и резултати станува секојдневие, понекога...

Најчитани неделава