Почнува волонтерска акција на МАПАС и пензиските друштва – волонтери ќе купуваат намирници за скопските пензионери

Скопје, 15.10.2020 – Започна волонтерската акција на МАПАС, пензиските друштва и волонтерите, во која од денес па се до 15 ноември годинава ќе се помага на пензионерите преку набавка на секојдневните животни намирници, потребни за нормално живеење.

pochnuva-volonterska-akcija-na-mapas-i-penziskite-drushtva-volonteri-kje-kupuvaat-namirnici-za-skopskite-penzioneri01.jpg

Волонтерската акција се одвива под мотото „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“ и ќе се реализира на територија на градот Скопје. Сите пензионери што сакаат да бидат дел од акцијата и да добијат помош, можат да се пријават на телефонскиот број 0800 11 800.

Целта на оваа акција е да им се помогне на пензионерите како една од најранливите категории во време на ограничено движење заради заштита од ширење на Ковид-19 вирусот, во обезбедување на секојдневните намирници. Обезбедувањето на намирниците за пријавените пензионери во рамките на акцијата ќе се одвива еднаш неделно, во општините во Скопје.

За да се обезбеди што пошироко покривање на што поголем број на пензионери, беше организиран и јавен повик за пријавување на волонтери, кои ќе бидат дел од оваа акција. Досега се пријавија 80 волонтери кои заедно со волонтерите од МАПАС и пензиските друштва ќе ги набавуваат намирниците за пензионерите од Скопје.

pochnuva-volonterska-akcija-na-mapas-i-penziskite-drushtva-volonteri-kje-kupuvaat-namirnici-za-skopskite-penzioneri-02.jpg

Волонтерската акција „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“ е дел од информативната кампања „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш”, која започна на 15 септември - Денот на пензиска свесност, чија цел е зголемувањето на свесноста кај младите за тоа дека вистинските одлуки за нивната пензија треба да ги донесуваат уште сега, односно со нивното прво вработување, а не пред пензионирање.

Повеќе инфoрмации на mapas.mk

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден? Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња...

Најчитани неделава