Жито Лукс со донација за Црвен крст го одбележува Светскиот ден за борба против гладот

(Скопје, 16.10.2020) – Со донација на свои производи на Црвениот крст Скопје, Жито Лукс го одбележува Светскиот ден за борба против гладот.

zhito-luks-so-donacija-za-crven-krst-go-odbelezhuva-svetskiot-den-za-borba-protiv-gladot-01.jpg

Компанијата донира производи од своето портфолио, лебови, колачи и брашно за ранливите групи и семејствата што се наоѓаат во неповолна социјална состојба. Донираните производи ќе бидат распределени преку мрежата на канцеларијата на Црвениот крст.

zhito-luks-so-donacija-za-crven-krst-go-odbelezhuva-svetskiot-den-za-borba-protiv-gladot-02.jpg

„Социјално загрозените семејства се редовно во фокусот на нашата општествено одговорна ангажираност. Наоѓаме начини и средства колку што може повеќе да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена во секојдневието на овие семејства. Но недостатокот од средства за живот е реален проблем за многу од нив, и нашата цел е преку донации да бидеме дел од активната борба против гладот и посветеноста кон подобрување на квалитетот на животот на многу македонски семејства. Сакаме да веруваме дека и со оваа донација, со секоја претходна и со секоја следна, даваме позитивен придонес за општеството како целина”, велат од Жито Лукс.

zhito-luks-so-donacija-za-crven-krst-go-odbelezhuva-svetskiot-den-za-borba-protiv-gladot-03.jpg

Жито Лукс како компанијата постојано е активна со своите општествено одговорни активности насочени кон помагање на семејства, на институции од здравствениот и образовниот сектор, но исто така и со подигање на свеста за потребата од поактивно вклучување на компаниите и граѓаните во вакви слични иницијативи.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава