Владата ги прифати предлозите: Јавен превоз со намален капацитет, локалите ќе работат до 23 часот

Владата на 13-тата  седница (20.10.2020) прифати дел од предлозите на Комисијата и воведување мерки за заштита од корона вирусот, а оние порестрирктивните кои вклучуваат измени во закон, ќе бидат разговарани на Собраните.

vladata-gi-prifati-predlozite-javen-prevoz-so-namalen-kapacitet-lokalite-kje-rabotat-do-23-chasot-01.jpgфото: depositphotos.com

Станува збор за мерките кои се однесуваат на скратено работно време на угостителските објекти, намалување на капацитетот во јавниот превоз и препорака за промени во работниот процес во државната и јавната администрација, општините и судот.

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака.

Владата прифати да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата вчера ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Сите одлуки од оваа седница може да ги прочитате ТУКА

Би можело да ве интересира:

Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Мартин од „Некст тајм“ со емотивно видео за првиот роденден на ќерката: „Една година бескрајна среќа... Мартин сподели семејни снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот ког...
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...
Кирил Колемишевски, поранешен член на Нокаут: „Дали Македонците можат да купуваат станови во Шпанија... „Да. Можат. Без жителство, без посебни дозволи и без никакви забрани. Само треба...
„Човек со срце планина“ - Доктор Владимир Чадиковски објави емотивно видео за напуштените дечиња во ... „Во Битола постои едно место каде љубовта не е збор, туку секојдневие – Центарот...

Најчитани неделава