Искуството на купување преку интернет сè повеќе личи на одење во вистинската продавница

Купувањето во продавница за многумина сѐ уште е прв избор кога станува збор за набавка на посакуваните нешта.

iskustvoto-na-kupuvanje-preku-internet-se-povekje-lichi-na-odenje-vo-vistinskata-prodavnica-01.jpg

Но, со оглед на променетите услови и оние кои се приврзаници на традиционалниот начин на шопинг веќе се преориентираа кон онлајн продавниците. Онлајн купувањето зема сè поголем уддел во секторот на продажба дури и пред пандемијата, а сега се забележува неговата уште поголема популарност. Од раната пролет оваа година, скоро сè се пресели на Интернет. Најновиот тренд кај онлајн продавниците е приближување на шопинг искуството колку што е можно повеќе до она со физичко присуство во продавниците. Една од работите што овозможува приближување на искуството на пазарење во физичкиот свет и во виртуелниот свет е овозможување на асистенција при купувањето, или личен асистент за шопинг. Тоа се љубезни експерти кои Ви стојат на располагање да го направите вистинскиот избор на произвотот што Ви е потребен, во вистинската големина, за соодветната пригода и слично. На пример, Рејчел од популарнаата серија „Пријатели“ ја започна својата кариера во модната индустрија како личен консултант.

Од овој март, кога сите принудно, со оглед на околностите, се „дигитализиравме“, купувањето преку Интернет стана вообичаено. Сепак, многу одговорни компании реагираа брзо, така што секоја физичка набавка беше организирана, и сè уште е, со задолжителни маски, дезинфекција на рацете и слично. Покрај тоа, некои компании започнаа да ги обезбедуваат своите услуги, што досега би можеле да ги добивате „во живо“ само кога купувате преку Интернет, како што е личен асистент или бесплатна достава на купена стока, извршена од професионално, овластено лице. Овој тип на услуга значи купување прилагодено на клиентот, а не генерички пристап. Еве неколку продавници што воведоа индивидуална помош при купување или испорака, чекор поблиску до купување во живо:

1. Амазон

Кога веќе зборуваме за онлајн купување едноставно не може а да не се спомене најголемиот меѓу најголемите - Амазон. Како чекор понатаму во подобрување на корисничкото искуството при купувањето онлајн, во септември оваа година, Амазон воведе нова услуга за купување на машка облека со личен асистент, како проширување на веќе постоечката услуга Personal Shopper by Prime Wardrobe, која првично беше наменета само за жени. Со оваа услуга, стилистите на Амазон избираат облека која одговара на стилот, потребите и преференциите на клиентот, која понатаму се испраќа до клиентот, за пробен период од еден месец. Доколку купувачот не сака да задржи некои парчиња, па дури и сите, може да ги врати користејќи специјално дизајниран и адресиран пакет кој го добива при самата испорака на пратката од Амазон. Секако, оваа услуга е достапна аксклузивно за членовите на Amazon Prime. На овој начин, Амазон го реплицира искуството од физичкото продажно место, во онлајн светот.

iskustvoto-na-kupuvanje-preku-internet-se-povekje-lichi-na-odenje-vo-vistinskata-prodavnica-02.jpg

2. IQOS

Месеците поминати во карантин носат предизвици од секаков аспект. Живеењето со пушач носи одредени компромиси кои секако може да се намалат со подобра алтернатива, за оние кои не сакаат да се откажат од пушењето. IQOS е наменет за сите возрасни пушачи, уред кој се заснова на технологијата на загревање наместо на согорување на тутун, затоа не испушта чад од тутун и како таков претставува подобра опција отколку да се продолжи со пушењето цигари.

Покрај тоа, во вистинскиот дух на модернизмот, за разлика од обичните цигари, IQOS има своја онлајн продавница и уредот може да се нарача следејќи ги едноставните упатства на страницата. Ако сè уште не сте „зачекориле“ во оваа софистицирана виртуелна продавница, можеби сега е вистинското време затоа што во IQOS веб-продавницата секогаш ќе најдете посебни придобивки, и оние кои купуваат за прв пат на овој начин и персонализиран додаток.

За разлика од нервозното одење во продавница за цигари, ова не само што е подобар избор за возрасните пушачи, туку е и гест на вистинска посветеност и сосема нова димензија на купувањето.

iskustvoto-na-kupuvanje-preku-internet-se-povekje-lichi-na-odenje-vo-vistinskata-prodavnica-01.jpg

3. КЕЛИ ФАЕТАНИНИ

Можеби свадбите кои денес се одвиваат во услови на пандемија и не се онакви како што секоја невеста сонува, но едно нешто задолжително останува независно од сè, а тоа венчаницата.. Кели Фаетанини е позната дизајнерка на венчаници од Њујорк која ја препознава промената во трендовите и го адаптира својот бизнис на таков начин што воведува специјална програма за виртуелен шопинг на својата веб страница. Одењето во ексклузивна продавница за купување на венчаница, сега се заменува со персонализирано искуство со нејзината програма „Пробај дома“. Идните невести имаат можност онлајн, преку платформата Zoom, да добијат директни консултации од експерти, да им помогнат да ја изберат „вистинската” венчаница на идните невести и истата да ја нарачаат и добијат на домашна адреса.. На овој начин, може невестите ја немаат свадбата од соништата, но ја добиваат венчаницата што од секогаш ја сонувале.

iskustvoto-na-kupuvanje-preku-internet-se-povekje-lichi-na-odenje-vo-vistinskata-prodavnica-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава