Ефектите од глобалната Ковид пандемија во фокусот на третата годишна конфернеција за е-трговија во Македонија

СКОПЈЕ, 04.11.2020: Предизвиците, можностите и ефектите од Kовид кризата кон бизнисите ќе бидат во фокусот на Третата годишна конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи онлајн, на 25-ти и 26-ти ноември и е насловена: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.

efektite-od-globalnata-kovid-pandemija-vo-fokusot-na-tretata-godishna-konfernecija-za-e-trgovija-vo-makedonija-01.jpg

Традиционално, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, конференцијата ќе биде место каде мноштво истакнати странски и домашни говорници од различни сектори поврзани со е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформални разговори, ќе ја пренесат својата експертиза и искуство од областа на е-трговијата, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата.

„Прилагодувајќи се целосно на состојбата предизвикана од КОВИД пандемијата и потребата на што повеќе бизниси да се префрлат кон онлајн продажба, оваа година конференцијата има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија. Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и прогрес, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфатиме најактуелните теми како: лекции од е-трговијата за време на ковид-19, адаптацијата на комуникациска стратегија во време на криза, подобрување на искуството на е-купувачите преку обезбедување на корисничка услуга, зголемување на онлајн безбедноста и можностите кои ги пружа меѓуграничната е-трговија. Овие теми ќе бидат разработени заедно со над 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите полиња.” - велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

efektite-od-globalnata-kovid-pandemija-vo-fokusot-na-tretata-godishna-konfernecija-za-e-trgovija-vo-makedonija.jpg

Како што потенцираат организаторите, Третата годишна конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат најдобрите совети од реномираните меѓународни и домашни експерти за раст и развој на бизнисот преку користење на придобивките на електронска трговија, како и збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија.

За сите оние кои сакаат да ги надоградат своите познавања од областа на интернет продажбата, билетите за уникатниот онлајн настан по „Early Bird“ цена ќе бидат во продажба во следните 5 дена на официјалниот веб сајт.

Инаку, минатата година конференцијата ги пресретна и надмина очекувањата на присутните посетители. Беа присутни над 450 учесници, од околу 150 компании, организации, универзитети и владини институции, а свои презентации имаа 30 говорници од 8 земји.

efektite-od-globalnata-kovid-pandemija-vo-fokusot-na-tretata-godishna-konfernecija-za-e-trgovija-vo-makedonija-03.jpg

efektite-od-globalnata-kovid-pandemija-vo-fokusot-na-tretata-godishna-konfernecija-za-e-trgovija-vo-makedonija-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
Не е Норвешка. Не е Алјаска. Не се Доломитите – Македонија е (фото) „Нè пречека густа магла што ги бришеше видиците и ги криеше патеките. Чекоревме ...
Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...

Најчитани неделава