Наградна игра: „100% едноставна - 100% оригинална“

Некогаш мала тајна, а денес голема помош во кујната. Веќе 60 години заедно со Vegeta создаваме, уживаме и споделуваме со оние кои ги сакаме. Vegeta таквата верност ја наградува со вкусни јадења кои успеваат секој пат, но и со вредни награди.

nagradna-igra-100-ednostavna-100-originalna01.jpg

Споделете го вашиот омилен рецепт и учествувајте во наградната игра „100% едноставна - 100% оригинална“, во која ќе можете да ја добиете главната награда - Kitchen Aid ( универзален кујнски апарат – мултипрактик) или богат пакет со подароци од Vegeta.

Со 5 состојки до одличните награди од Vegeta

Сигурни сме дека во вашиот ракав имате неколку идеи за вкусни и едноставни јадења, па затоа ве покануваме да го споделите со нас вашиот оригинален рецепт користејќи само 4 состојки и Vegeta. На веб-страницата www.vegeta.mk од 07 ноември до 07 декември, во неколку кратки чекори, пријавете го вашиот рецепт и со тоа учествувајте во наградната игра „100% едноставна - 100% оригинална“. Покрај тоа што можете да го пријавите својот рецепт, можете да пронајдете инспирација за готвење и со прелистување на рецептите на другите корисници.

Како да се пријавите за да учествувате во наградната игра?

Наградната игра „100% едноставна - 100% оригинална“ се одвива на веб-страницата www.vegeta.mk од 07 ноември до 07 декември, и исто како и името на наградната игра – учеството е навистина едноставно:

  • Внесете го името на рецептот и, со неизбежната Vegeta, додадете ги преостанатите четири состојки. Можете да изберете свои состојки или да изберете од понудените од нашата листа.
  • Прикачете фотографија од јадењето и краток опис на начинот на подготовка
  • Пополнете го онлајн формуларот со вашите лични податоци

Животот е полесен со лажица Vegeta. Покажете ни го вашиот омилен, едноставен рецепт, кој, покрај Vegeta Original, има уште 4 ваши омилени состојки и освојте вредни награди. Најимагинативниот и најдобро подготвен рецепт ќе биде избран од страна на жирито на Подравка. Главната награда е Kitchen Aid (универзален кујнски апарат – мултипрактик), а 5-те најоригинални рецепти добиваат богати пакет подароци од Vegeta. Среќно на сите!

Детали за наградната игра може да се најдат на веб-платформaта.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Денес е Св. Фануриј, кој помага во исполнување на желбите - замесете лепче од 9 состојки за среќа Според народното верување, на овој ден се замесува фанурија, лепче или колач од ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
„Три разиграни срциња“ - Тројката на Горан Папаз и сопругата наполни една година - прославија со 3 т... „Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 ми...

Најчитани неделава