Сезонски грип 2020: Дали сте под ризик?

Оваа година е преполна со изненадувања и пресврти. Одложени резервации, несигурна иднина, сомнежи и грижи. Во вакви услови, ретко кој има време да мисли на сезонскиот грип.

sezonski-grip-2020-dali-ste-pod-rizik01.jpg

„Не може да ми се случи на мене. Јас обично лесно го надминувам грипот. Не ме плаши обичен грип“. Сите сме слушнале или сме изговориле некоја од овие реченици на почетокот на есента. Можеби е добро да сме помалку самоуверени, а повеќе информирани и да знаеме како да се заштитиме.

Вистината е дека секој може да се зарази со вирусот. Компликациите може да ни се случат на нас, но и на нашите најдраги. Но, дефинитивно постојат ризични групи кои мораат да бидат многу внимателни во следниот период:

  • Бремени жени и деца до 2 години
  • Луѓе над 65-годишна возраст
  • Хронично болни

Добро познатите и непријатни симптоми: треска, растечен нос, болки во мускулите не се единствените симптоми кои се закана за луѓето од ризичните групи. Компликациите кои може да ги предизвика сезонскиот грип се прилично застрашувачки. Тие можат да бидат:

  • Пневмонија
  • Кардиоваскуларни компликации
  • Влошување на хроничните болести

Некогаш некоја наша акција може да ни го преврти светот наопаку. Но, истото важи и за одбивањето на преземање на акција, особено кога се работи за нашето здравје. Обично, младите и здрави луѓе оздравуваат од сезонскиот грип за недела до две, но работите се многу различни за постарите и оние со наследни и хронични болести.

Дијабетичарите имаат 6 пати поголема шанса да бидат хоспитализирани откако ќе го фатат сезонскиот грип. Пациентите со инфлуенца се под трипати поголем ризик од срцев удар. Знаете што значи ова за луѓето кои имаат кардиоваскуларни проблеми.

За бремените жени, грипот е исто така опасен бидејќи може да ги загрози нив и здравјето на нивниот фетус. Особено е опасен во второто и третото тримесечје од бременоста, каде што намалениот имунитет и изложеноста на вирусот може да доведе до непосакуван абортус или сериозни имликации на здравјето.

Знаеме дека имунитетот ослабува со тек на време, а кога ќе се заразат со грипот, постарите луѓе потешко оздравуваат. Дури и откако ќе го надминат вирусот, многу возрасни луѓе не преземаат добра грижа за нивното здравје, а ова сериозно го влошува квалитетот на нивниот живот.

sezonski-grip-2020-dali-ste-pod-rizik-02.jpg

Како да го спречите сезонскиот грип?

Секоја година, сезонскиот грип расипува планови за многу семејства, ја нарушува нивната можност за различни работи, и за жал, одзема многу животи на светско ниво. Оваа година ситуацијата е влошена и покомплицирана со ширењето на коронавирусот, така што постојат повеќе закани против кои се бориме истовремено.

Добрата работа е што мерките за заштита од двете закани се скоро исти. Мора да одржуваме добра хигиена, да носиме маска, како и да избегнуваме контакт со заболени луѓе. Вакцината против Ковид-19 се’ уште е во изработка, но за среќа вакцините против сезонски грип постојат со години. Дополнително, нивниот состав секоја година се ажурира за да одговори на променливиот сезонски грип.

Вакцините против инфлуенца остануваат најефективната заштита против сезонски вируси. Она што е добро е дека старите луѓе и оние од ризичните групи, сега имаат можност да се заштитат со бесплатна вакцина против сезонски грип. Оваа мерка е дел од Националната програма за подобрување на заштитата од сезонска инфлуенца. Сите заинтересирани граѓани треба најпрво да се консултираат со нивните матични лекари и да закажат имунизација од сезонски грип.

Сите припадници на ризична група треба да се грижат за своето здравје и да размислуваат на превенцијата против сезонски грип. На тој начин ќе може да уживаат во мирна и поубава зима.

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава