Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец.

makedonska-bankarska-asocijacija-donira-laptopi-za-studenti-i-uchenici-01.jpg

Ние, во Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветуваме на финансиската писменост на клиентите на нашите членки, банките и штедилниците, и вложуваме ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата.

Имајќи го ова предвид, Македонската банкарска асоцијација одлучи да донира 10 лаптопи на студенти и ученици кои немаат можност самостојно да набават уреди за следење on-line настава  со цел да им овозможи навреме да следат настава, и да полагаат испити.

На овој начин МБА го дава својот придонес за одбележување на Деновите на финансиска писменост, која е од клучно значење за одговорно финансиско работење на секој граѓанин.

Со донацијата од МБА, стекнувањето знаење станува достапно и за оние кои не биле во можност да си обезбедат компјутер, а до пред пандемијата успешно ги исполнувале сите обврски во образованието.

Македонската банкарска асоцијација, во името на своите членки, им посакува на сите лица на кои им се донирани лаптопи успешно да се справат со сите предизвици на патот кон стекнувањето знаење, вклучувајќи го и актуелниот предизвик наметнат од пандемијата. Со својата посветеност и одговорност ќе си обезбедат успех во управувањето со личните финансии.  

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Македонската Барби на Малдиви, по запросувањето во Дубаи: „Дами, ви посакувам огнен љубовник и чанта... Верица Китанова од Струмица, го покажа фит телото во бикини од Кјара Ферањи, а п...
Се породи сопругата на дечкото со картони Бомбакис - доби второ дете, по борбата со ракот Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со мно...

Најчитани неделава