Силниот имунитет може да се постигне и со избалансирана исхрана

Моќниот одбранбен систем на организмот, силниот имунитет е првата и најефективна пречка за вирусите, бактериите и настинките. Здравиот имун систем го спречува нивното влегување во организмот и опструирање на сите животни процеси, а доколку вирус сепак го нападне организмот, имунитетот помага подобро да се избори со вирозата.

silniot-imunitet-mozhe-da-se-postigne-i-so-izbalansirana-ishrana01.jpg

Затоа неопходно е имунитетот да се гради и зајакнува. Но, во овој процес не се само суплементите начин за зајакнување на имунитетот. Силен одбранбен механизам на организмот се постигнува и со квалитетна, избалансирана исхрана. Витамините и минералите потребни за здрав и силен организам ги има во голем број овошја, зеленчуци, мешункасти плодови, јаткасти и слично. Но, точно селектирани и дозирани состојки кои наменски и таргетирано влијаат врз имунитетот има во извесни производи, чија функција е преку консумирање храна да се внесуваат состојки што го јакнат и имунитетот. Таков производ е новиот функционален јогурт Баланс+ Имуно, којшто со својот состав влијае на имуниот систем.

Овој јогурт содржи природна и единствена формула што го издвојува од другите функционални и млечни производи. Во неговиот состав се издвојуваат HN019 и NCFM – природните култури чиј позитивен ефект на јакнење на имунитетот е докажан со голем број клинички студии. На тоа се надоврзува и присуството на комплексот од 3 витамини, Д3, Б6 и Б12 кои, исто така, имаат важна улога во правилната функција и силниот имунитет и природното влакно инулин.

Со ваквиот состав, посебен вид култура, влакна и витамини, придобивките од консумирање Баланс+ Имуно јогуртот се одразуваат на нормалната функција на имуниот систем, создавање силен имун систем и добро варење, нешто што го нема ни еден друг производ.

Во користењето балансирана и разновидна храна како извор на витамини и минерали потребни за имунитетот, важно е да постои континуитет во консумирањето, со цел да се постигне саканиот ефект.

silniot-imunitet-mozhe-da-se-postigne-i-so-izbalansirana-ishrana02.jpg

Би можело да ве интересира:

Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Дечко од Струга за случка со Слаткар: „Бев паркиран кај тебе пред куќа за во Државна болница, имав д... „Јавно сакам да ти се заблагодарам затоа што испадна пред сè човек кон мене. Не ...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...

Најчитани неделава