Шпаркасе Банка Македонија со нова промотивна кампања за корисниците на платежните картички VISA - „Со Sparky до е-ваучер!“

1.12.2020 г, Во духот на новогодишните и божиќните празници што нѐ очекуваат, Шпаркасе Банка Македонија започнува нова промотивна кампања, наградувајќи ги сите нови корисници на VISA Classic Debit со вредносен ваучер на износ од 1.000 денари.

shparkase-banka-makedonija-so-nova-promotivna-kampanja-za-korisnicite-na-platezhnite-kartichki-visa-so-sparky-do-e-vaucher01.jpg

Во рамките на оваа промотивна активност, сите клиенти што ќе аплицираат онлајн за платежна картичка Visa Classic Debit преку Sparky Viber асистентот, по активацијата на платежната картичка ќе добијат подарок – е-ваучер од 1.000 денари на својот мобилен телефон.

Вредносниот е-ваучер на износ од 1.000 денари може да го добијат сите постојни или нови клиенти на Банката коишто не се корисници на дебитната платежна картичка од брендот Visa издадена од Шпаркасе Банка Македонија. Постапката за аплицирање се спроведува онлајн, со пополнување апликација за Visa Classic Debit преку Sparky Viber Chat асистентот, како и доделувањето на е-ваучерот што се врши преку мобилниот телефон на клиентот.

Корисниците ќе можат да го искористат е-ваучерот еднократно во продавниците на Tinex, Cosmo и Tinex Home, во рок од 30 дена од денот на издавање. Кампањата ќе започне од денес, 1.12.2020 година, и ќе трае сѐ до истрошување на предвидениот буџет за издавање на вредносните ваучери.

Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот ковид-19, Банката ја разви оваа алатка, со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.

Повеќе информации во врска со оваа промотивна активност, клиентите можат да добијат на официјалната веб-страница, на социјалните мрежи на Банката или преку Контакт центарот на телефон: 2 3200 600.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...

Најчитани неделава