Генералниот директор на Веро избран за менаџер на годината за 2020

Генералниот директор на Веро, Петар Денковски, е избран за Менаџер на годината за 2020 година. Оваа престижна награда Денковски ја доби во рамки на официјалниот избор на најуспешни мажи во Македонија за оваа година, во кој им беа доделени признанија на 13 мажи во исто толку категории кои постигнале исклучителни резултати во професионалниот и општествениот живот.

generalniot-direktor-na-vero-izbran-za-menadzher-na-godinata-za-20201.jpg

Еминентно жири составено од 25 угледни личности, признаени во својата област, одлучи да му ја додели наградата Менаџер на годината на Денковски, чија извонредна визија ја подигна компанијата на повисоко ниво. Наградата му ја додели поради имплементираните иновативни идеи и исклучителните успеси во работењето на Веро и Џамбо во последнава година откако дојде на раководната позиција во компанијата по поминати 10 години како дел од раководниот тим на Веро во Србија. Со неговото работење, тој ја унапреди позицијата на Веро како еден од лидерите во малопродажниот сектор во Македонија, но и како општествено-одговорна компанија секогаш подготвена да им излезе во пресрет на најранливите категории граѓани. Покрај професионалните успеси, жирито го истакна и неговиот висок углед во јавноста стекнат со активното учество во кошарката во Македонија и Европа.

Примајќи ја наградата, Денковски истакна дека успешниот менаџер треба да биде комплетна личност која освен успешни резултати покажува и грижа и одговорност за вработените, потрошувачите, добавувачите и заедницата во која компанијата работи и се развива.

- Кога почнав да работам, моето мото беше „Играј како шампион, секој ден“. Ова мото ме води и денес, како во работата, така и во секојдневниот живот, при што се обидувам сѐ да направам победнички. На сите млади менаџери сакам да им порачам дека нема успех без напорна работа. Мора да работат, да бидат упорни, фокусирани, истрајни во зацртаните цели и да дадат максимум во сѐ. Верувајте во себе и никогаш не се откажувајте, успехот неминовно ќе дојде – порача Денковски.

Тој им ја посвети наградата на сите вработени во Веро и Џамбо кои во овој специфичен период со својата посветеност, пожртвуваност, истрајност и начин на работење покажаа дека се вистински амбасадори на компанијата што ја претставуваат.

Изборот за Маж на годината 2020 го организираат „Џентлмен магазин“ и „Фрајдеј комуникации“, настан со кој им оддаваат признание на мажите кои умешно го градат имиџот за себе и за институцијата или компанијата која ја преставуваат, истакнувајќи ги лидерите во различни области кои инспирираат со своите постигнувања.

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Џамбо Агушев сподели спомен за Андреј ДНК: „Прекина снимање на спот и отиде да купи сладолед за цел ... „Андреј и Панчо се легенди кои ќе ги паметам засекогаш, но ако треба да раскажам...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...

Најчитани неделава