„Шпаркасе Банка Македонија“ стана потписничка на глобалните Принципи за одговорно банкарство

07.12.2020 година – „Шпаркасе Банка Македонија“ АД Скопје стана официјална потписничка на Принципите за одговорно банкарство на ООН – единствена рамка за одржливост во банкарската индустрија, развиена преку иновативно партнерство помеѓу банките ширум светот и Финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на Организацијата на Обединетите Нации.

shparkase-banka-makedonija-stana-potpisnichka-na-globalnite-principi-za-odgovorno-bankarstvo-01.jpg

Преку принципите за одговорно банкарство, кои се веќе потпишани од 200 банки, меѓу кои и  „Шпаркасе Банка Македонија“, се дефинира улогата и одговорноста на банкарската индустрија во обликувањето на одржлива иднина и усогласување со Целите за одржлив развој на ООН и Парискиот климатски договор од 2015 година. Принципите, исто така, нудат подеднакво важна можност банката да вгради стабилност во сите свои деловни области и да воочи каде има потенцијал да постигне најголем ефект со своите придонеси за да дојдеме до одржлив свет. Истовремено, преку нив банката се позиционира на начин на кој може да искористи и нови деловни можности во зачетоците на одржливата развојна економија.

Одржливоста веќе е дел од деловната стратегија на Банката, во која јасно е дефинирана одговорноста на Банката не само во своите главни банкарски активности, туку и одговорноста во односите со нашите клиенти, вработени, акционери и заедницата.

Глигор Бишев, Генералниот извршен директор, изјави: „Шпаркасе Банка Македонија е еден од пионерите во развојот на општествена одговорност во Република Северна Македонија. Како дел од водечка банкарска групација, ги следевме најдобрите примери и практики од матичната банка - Steiermaerkische Sparkasse од Грац, Австрија, и ги вградивме основите на одговорното банкарско работење во нашата главна деловна стратегија. Преку воспоставување одржливи практики и овозможување економски активности што создаваат просперитет за сегашните и идните генерации, ќе придонесеме за остварување на целите на општеството. Банката ќе стане уште поуспешна при спроведување на принципите преку следење на Финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на ООН, и преку цврсти заложби за зголемување на нашето позитивно влијание и намалување на негативните влијанија врз луѓето и животната средина што се резултат на нашите активности, производи и услуги.“

„Шпаркасе Банка Македонија“, како банка потписничка, се обврзува да ги преземе трите чекори за подобрување на својот ефект врз општеството и животната средина, имено: анализа на сегашниот ефект врз населението и планетата, поставување цели во области каде што банката може да постигне најзначаен ефект и јавно известување за напредокот.

Повеќе информации за Принципите за одговорно банкарство може да најдете тука

Би можело да ве интересира:

Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Дејан од Куманово ја запроси Викторија во Словенија: „Добив две медала, еден бронзен, а другиот таа ... „После 8 години врска, чувствував дека е вистинскиот момент. Кога клекнав пред н...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Синот на Миа Костова наполни 13 години: „Тој е мојата најдобра животна одлука“ „Тој си дојде како ѕвезда без прашање, а денес е моето небо и одговор на секое п...
Стефан Лазаров: „Синот ќе се вика Лука, уште немаме купено ништо за бебето“ „Оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите р...

Најчитани неделава