Предновогодишна донација од Бимилк за социјални здруженија и организации

Во пресрет на новогодишните празници Битолска млекара традиционално и оваа година додели донација за повеќе семејства во неповолна социјална состојба.

prednovogodishna-donacija-od-bimilk-za-socijalni-zdruzhenija-i-organizacii-01.png

Донацијата е доставена до четири здруженија Аутизам МК, Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром Доза среќа, Црвен Крст Битола и Здружение за унапредување на образованието кај ромската популација Ирхом Топаана кои потоа ќе ги распределат до семејствата и своите членови.

Со оглед на периодот на присутност на вируси и настинки и потребата од консумирање производи што го поттикнуваат имунитетот, Битолска млекара донацијата ја состави од Баланс+ имуно млеко со цинк и Битолско млеко со што на овие семејства им се овозможува внесување здрави и имуностимулирачки млека кога тоа е најпотребно.

Стратешката определба на Бимилк е општествено одговорно дејствување, кое многу често се гледа во бројни донации како оваа, а активностите коишто имаат за цел да придонесат за подобрување на состојбата на оние кои имаа потреба од помош, се веќе традиција за компанијата.

Би можело да ве интересира:

Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
Жаклина Денковска е самохрана мајка на два сина: „Теодор (6) има аутизам, сега стана прваче - имам т... „Го запишавме во училиште со многу емоции, стравови и надежи што само родител на...
Борче Стаменов, нашиот херој од реалноста - испрати две семејства на одмор, кои го немаа видено ни О... Кога има хумани луѓе, тогаш има насмевки на лицата и на оние во најзагрозена сит...
Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година Календарот со неработни денови и државни празници за 2025 веќе го подготвивме и ...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...

Најчитани неделава