EESTEC Academy модул 2 - Енергија и одржлив развој

EESTEC Academy организиран од студентската организација EESTEC LC Skopje, е настан со неколкугодишна традиција, кој годинава поради пандемијата со Covid-19 ќе се одржи онлајн. Академијата претставува серија од кратки обуки на актуелни теми од техничката област.

eestec-academy-modul-2-energija-i-odrzhliv-razvoj01.jpg

Главна цел на настанот е да се овозможи на студентите, паралелно со нивните студии, да добијат дополнително знаење и вештини кои ќе им отворат нови перспективи во нивниот понатамошен професионален развој. Учеството на академијата е целосно бесплатно.

Првиот модул од EESTEC Acadmy успешно се одржа викендот на 28-ми и 29-ти ноември во соработка со Машински факултет Скопје (МФС). Повеќе од 50 учесници, имаа можност да научат повеќе за светски познатиот микроконтролер Ардуино преку предавања од професори од Машински факултет Скопје.

До крајот на годината во склоп на EESTEC Academy ќе се одржи уште еден модул.

Вториот модул на овогодинешното издание ќе ја опфати актуелната тема Енергија и одржлив развој. Модулот ќе се одржи во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на 25ти и 26ти декември. Овој модул претставува одлична прилика за сите кои што сакаат да се подобрат себеси, да научат повеќе за оваа тема, преку предавања на искусни професори од ФЕИТ.

Формата за пријавување е отворена до 23ти декември и може да се најде на овој линк.

За повеќе информации можете да ја следите Facebook страната на EESTEC Academy.

Ги охрабруваме сите студенти и матуранти, заинтересирани за оваа област да се пријават и да го прошират своето знаење! Осмели се да научиш повеќе!

Би можело да ве интересира:

Октај Сејди искрено и со солзи за почетоците и поддршката: „Мајка ми ме движи во животот, татко ми с... „Татко ми сакаше да бидам високо образован, додека јас сакав да го работам ова д...
Дуа Липа доби јакна од Сатја Грабулоски - Трета соработка на нашиот дизајнер и светската ѕвезда „Јакната е 100% веганска. Процесот од почеток до крај го водеше Лира Грабул...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
„Првиот Божиќ без тебе, Дади“ - Сестрата на Фросина емотивна една година по нејзината смрт „Никој не знае дека и јас заминав со тебе тој проклет 29 јануари - затоа што сле...
Јутјубер од Лондон ги истражува земјите од поранешна Југославија со само еден денар во џеб „Со овој серијал се надевам дека ќе ги покажам различните држави и култури, како...
Нашата Нела е како самовила во бело - Македонската претставничка ја одржа првата проба на Јуниор Евр... Прекрасната Нела од Скопје ја имаше својата прва проба на Јуниор Евросонг со пес...

Најчитани неделава