Наши млади иноватори се победници на натпреварот „Идеи за акција“ на Светска банка

Светска банка и Зиклин центарот при Бизнис школата Вартон на Универзитетот во Пенсилванија ги објави победниците на својот глобален натпревар „Идеи за акција“ (Ideas4Action).

nashi-mladi-inovatori-se-pobednici-na-natprevarot-idei-za-akcija-na-svetska-banka01.jpg

Еден од седумте победници, во конкуренција од 4 000 тимови се младиот тим „Нешто нетипично“ учесници на националниот младински предизвик Генерација без граници, дел од партнерството на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ.

Нивното иновативно решение е мобилната апликација - Walkiie со која семејствата и пријателите на лицата со попреченост се поврзуваат со волонтери, кои организираат социјални активности за овие лица.

„Многу сме среќни за успехот што го постигнавме што не е само наш, личен, туку и успех за целата држава. Благодарни сме на приликата што ја добивме и поддршката, а најмногу се радуваме што апликацијата вистински ќе им помогне на лицата со попреченост“ - рече Елена Божиновска од тимот Нешто нетипично.

Со младинскиот предизвик Генерација без граници, млади иноватори беа поканети преку јавен повик да креираат иновативни решенија како одговор на прашањето „Како може дигиталната технологија да придонесе кон поактивно вклучување на децата и младите во образованието и во секојдневниот живот? Освен финансиска, тимовите добија и менторска поддршка од инженери, ИТ и маркетинг специјалисти.

„Навистина беше чест да се работи со ваков тим млади луѓе, кои и самите се волонтери и јасно ја согледаа потребата од ваква апликација која ќе направи разлика во квалитетот на живот на лицата со попреченост“ – вели Боро Петкоски од Македонски Телеком, ментор на тимот Нешто нетипично.

Ова е второ големо признание за младите тимови од иницијативата Digital Inclusion. Неодамна, тимот e-Bionics победи на глобалниот младински предизвик Генерација без граници 2019/2020, во категоријата тимови на возраст под 18 години. Нивното решение VenusArm (Раката на Венера) е 3Д печатена бионичка рака наменета за лицата со недостаток на горен екстремитет.

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...
Генијалецот Македон повторно нè направи горди – освои медали и пехар на турнири по математика во Буг... Малиот генијалец Македон освои неколку награди и признанија на турнири по матема...

Најчитани неделава