Мајмунчето Антон го има решението за атопичната кожа на вашето дете

Појавувањето на егзема (атопичен дерматитис) е исклучително иритантна состојба на кожата која се манифестира со екстремно сува и чувствителна кожа. Оваа состојба е придружена со силна желба за чешање, кое може да ја инфицира кожата, а е особено тешко да се контролира кај деца од помала возраст.

majmuncheto-anton-go-ima-reshenieto-za-atopichnata-kozha-na-vasheto-dete-01.jpg

Но, нашиот пријател Мајмунчето Антон има неколку совети со кои вашето дете полесно ќе го надмине проблемот со атопична кожа.

Егземата не е заразна болест и причините за нејзино појавување и понатаму се непознати, но она што го знаеме како факт е дека ако во семејното стебло има некој кој претходно боледувал од егзема, има голема шанса таа да се појави повторно кај наследиците. Грижата за оваа состојба не е тешка, но бара одговорност и внимателност. Тоа одлично го знае Мајмунчето Антон, кој е експерт за грижа за детска егзема и во продолжение ќе ви понуди неколку начини на кои ќе ги ублажите симптомите на атопичната кожа.

Првото и основно правило: Без чешање! Знаеме дека е тешко, но чешањето само ја влошува состојбата. Наместо чешање, Антон препорачува повеќе гушкање со најблиските, бидејќи тие секогаш ги прават работите подобри. Ставете му на вашето дете чорапчиња на рацете и заедно одиграјте куклена претстава. На тој начин, ќе му ги оттргнете мислите од чешањето и ќе го научите како да се забавува додека е дома.

Кожата треба да биде здрава и чиста секојдневно, а редовното капење е најдоброто решение за тоа. Меѓутоа, Антон вели дека капењето со топла вода може дополнително да ја иритира кожата и затоа советува дека млаката вода е најдобра за да го смири и опушти детето. Избегнувајте долго капење, бидејќи влажната кожа е повеќе склона на иритации.

majmuncheto-anton-go-ima-reshenieto-za-atopichnata-kozha-na-vasheto-dete-02.jpg

Антон тврди дека нанесувањето на производите од Еуцерин линијата за атопичен дерматитис ќе му годи на вашето дете и ќе му даде чувство на удобност во неговата кожа, заборавајќи на осипот и чешањето. Лосион и балзам, крема (за многу суви делови на телото), масло за туширање, интензивен смирувачки крем за егземите, спреј за интензивен јадеж, крем за раце, како и шампон DermoCapillaire Hypertolerant за многу чувствителен скалп, наменет за бебиња и деца со атопичен дерматитис. Нивната формула делува така што ја обновува оштетената кожа и го намалува чешањето, а со редовна употреба може значително да ја подобри состојбата на кожата.

Во моментот кога ќе ги забележите првите знаци на егзема, реагирајте соодветно. Доколку забележите иритација или осип на кожата кај детето (прво проверете ги лицето, рамената и колената), прво консултирајте се со лекар. А потоа, применете ги советите на Антон и овозможете му на вашето дете мирен живот, без болки и чешање.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава