Соопштение за јавноста од Макпетрол АД Скопје (28.12.2020)

soopshtenie-za-javnosta-od-makpetrol-ad-28-12-2020-01.jpg

Во врска со 20-тата седница на Собранието на Република Северна Македонија и точката 9 од дневниот ред, МАКПЕТРОЛ АД Скопје ја известува јавноста во земјава за следново:

Воопшто не сме изненадени од арогантноста, нивото на политичка култура и примитивизмот на дел од пратениците во Собранието на РСМ. Но, изненадени сме од изнесените навреди и невистини во врска со МАКПЕТРОЛ АД Скопје, ТВ ТЕЛМА и нивното раководство, како и од намерата да се блокираат евроинтеграциите на земјата со попречување на усогласувањето на домашното законодавство со ЕУ директивите, во конкретниот случај со Третиот енергетски пакет.

Не сакаме да ги коментираме ставовите дали оваа проблематика треба или не треба да се регулира со закон, од причина што подносител на иницијативата до Собранието на РСМ не е ниту може да биде МАКПЕТРОЛ АД Скопје, туку Владата на РСМ. Но, обврска на МАКПЕТРОЛ АД Скопје е да го почитува Законот за енергетика, кој е усогласен со Третиот енергетски пакет, и мора да го продаде својот удел од 50% во ГА-МА АД Скопје, бидејќи повеќе не може истовремено да ги врши дејностите трговија и снабдување со природен гас и пренос на природен гас.

ГА-МА АД Скопје е формирана како акционерско друштво во сопственост на МАКПЕТРОЛ АД Скопје и Владата на РСМ, со по 50% од вкупниот основачки капитал на Друштвото, во износ од 37.612.500 евра. Од 2006 година до денес, ГА-МА АД има инвестирано неколку десетици милиони евра во развој на гасоводниот систем на земјата.

Со цел да се утврди сегашната вредност на ГА-МА АД Скопје, пред реализација на трансакцијата е извршена проценка на пазарната вредност на Друштвото од страна на овластени проценители, ангажирани преку Бирото за судски вештачења како орган на државната управа во состав на Министерството за правда. Со проценката е утврдена пазарна вредност на ГА-МА АД во износ од 65.547.810 евра, од која вредност 50% во износ од 32.773.905 евра му припаѓаат на МАКПЕТРОЛ АД Скопје. Според тоа, на МАКПЕТРОЛ АД Скопје никој ништо не му подарува. Напротив, државата купува од МАКПЕТРОЛ АД Скопје капитален објект по реална цена, кој единствено денес функционира во областа на гасификацијата на РСМ.

Само за потсетување на оние кои имаат кратко паметење, Владата на РСМ, пред 4,5 години, го изгради најскапиот гасовод во светот. За кракот од Клечовце до Штип во должина од 60,6 километри потрошени се 76,7 милиони американски долари или околу 65 милиони евра –мртва инвестиција која до ден денес не функционира, а од МАКПЕТРОЛ се купува функционален гасовод во должина од 205 километри.

Што се однесува до сопственичката структура на МАКПЕТРОЛ АД Скопје, истата е јавно достапна и може да се провери во надлежните институции, а не од собраниската говорница да се пласираат лаги од страна на поедини пратеници. Исто така, лага е дека се воделе преговори за продажба на ТЕЛМА на бугарски инвеститори. Станува збор за класична конструкција и манипулација, која нема допирна точка со реалноста.

Ги прашуваме пратениците од опозицијата, ако се толку многу загрижени за граѓаните во нашата држава, зошто експресно и без дискусија беше изгласан Законот за финансирање на политичките партии од буџетот на РСМ? Дали тука водеа сметка за парите и за потребите на граѓаните или за своите лични интереси?

Јавноста во Државата треба да знае дека говорот на омраза и навредите упатени кон МАКПЕТРОЛ, ТВ ТЕЛМА и нивното раководство од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се последица на неостварената желба на нивниот лидер да влијае врз уредничката програма на ТВ ТЕЛМА.

ТВ ТЕЛМА отсекогаш била неутрален и објективен медиум, таков ќе остане и во иднина, и никогаш нема да служи за остварување на ничии партиски цели и интереси.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...

Најчитани неделава