Сплотени во добро и зло: Македонец нуди куќа со покриени трошоци за оние кои останаа без дом по земјотресот во Хрватска

По разорниот земјотрес од 6.3 степени кој ја погоди Хрватска на 29 декември 2020, многумина останаа без кров над глава и бараат помош, а Македонец на Фејсбук понуди на користење до 6 месеци, куќа за 8 личности, со покриени патни трошоци до нашата земја.

sploteni-vo-dobro-i-zlo-makedonec-nudi-kukja-so-pokrieni-troshoci-za-onie-koi-ostanaa-bez-dom-po-zemjotresot-vo-hrvatska-01.jpgфото: Twitter

Вчерашниот земјотер од 6.3 степени по Рихтер, со епицентар во околината на градот Петриња, остави големи последици низ неколку градови, се спасуваа повредени, а за жал беа изгубени и неколку животи. Материјалните штети низ градот оставија семејства без кров над глава, а утринава ги погодија уште неколку потреси од околу 4 степени, што дополнително ја влошува состојбата.

Во овие тешки моменти важно е да се покаже хуманоста и сплотеноста на народите, да си помогнеме во најтешките мигови и да се надеваме на подобри денови.

Токму со таа цел, Денис Синед објави хуман пост во секцијата за помош по земјотресот во Хрватска на Фејсбук.

„Ја нудам својата куќа во Скопје, Македонија, за 8 особи до 6 месеци (предност имаат луѓе со мали деца). Исто така подготвен сум да платам и патни трошоци. Кога јас бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска ми помогна до максимум, тоа не можам да го заборавам до гроб... Бог нека биде со вас браќа и сестри мои, нека ме контактираат во порака заинтересираните. Ве мислиме, поздрав од Македонија.“

Откако доби низа пофални коментари и зборови за почит, Денис во коментар ја објасни приказната која го натера на овој хуман чин:

„Пред 10 години, мојот татко се разболе од карцином на белите дробови. Не бевме сјајни финансиски и случајно запознав доктор од Хрватска, кој му пружи помош на татко ми до максимум, без никакви надоместоци. Ете, после 10 години, време е да се оддолжам на хрватскиот народ. Слободно е уште за двајца луѓе.“

 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонец со сопругата Унгарка и синот води „живот на тркала“ - готват во кампер во Италија, пеат ма... Едит е македонска снаа од Унгарија која веќе одлично се снаоѓа со македонскиот ј...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Ивона Јо за родното Куманово: „Дворот на мојата куќа беше за терапија со другарките - сите проблеми ... „Родена сум во село Љубодраг од каде потенува мојот татко Слаѓан. Бргу по раѓање...
Моќна објава на Македонка: „Ми го исмејуваа детето на училиште затоа што носи храна од дома и има по... „Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, бе...
Maкедонка со апел против петардите: „Моето куче се тресеше и беше парализирано од страв“ „Дечково едвај го преживеа ентузијазмот на некои што би сакале да живеат во воен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg