Билјана Јаневска ќе нѐ претстави на Мис Туризам: „Да се одржуваше во живо ќе видеа што е македонско девојче“

Од мала се интересира за манекенството, во овие води е впуштена од 13 години, а смета дека денес секоја втора девојка сама се прогласува за манекенка – која е прекрасната девојка која ќе нѐ претставува на Интернационалниот избор за Мис Туризам 2020/21?

biljana-janevska-kje-ne-pretstavi-na-mis-turizam-da-se-odrzhuvashe-vo-zhivo-kje-videa-shto-e-makedonsko-devojche-01.jpg

Интернационалниот избор за Мис Туризам 2020/21 ќе се одржи на 17-ти јануари 2021, во организација на Малезија, но заради пандемијата ќе се одржи онлајн.

Македонската претставничка на овој избор е Билјана Јаневска, која ќе се натпреварува во конкуренција на уште 30 убавици од светот. Билјана е 21-ва по ред од 31 учесничка.

„Можеби сме спречени да патуваме, но не сме спречени и виртуелно да ја освоиме титулата. Не е лесно да се претставува својата земја. Жал ми е што настанот не се одржува во живо, туку онлајн, па не можам целосно да си ги покажам способностите, да видат што е македонско девојче. Но, се надевам нема да ве разочарам. Долго време го чекам овој миг и ќе го искористам во вистинска смисла на зборот. Се надевам дека ќе ја направам горда својата нација. Стискајте палци и бидете со мене.“ – изјави Билјана за CRNOBELO.com

biljana-janevska-kje-ne-pretstavi-na-mis-turizam-da-se-odrzhuvashe-vo-zhivo-kje-videa-shto-e-makedonsko-devojche-02.jpg

Инаку, за Билјана ова е прв избор од ваков тип на кој учествува, и ѝ претставува особена чест и задоволство што ја има таа можност, да ја претставува својата татковина.

Како мала, Јаневска посетувала часови за вилина, но не се пронашла многу во тоа. Потоа се приклучила на Златно Славејче, и поголем дел од детството поминала таму, а со оглед на тоа што од мала најголема желба ѝ било да стане манекенка, во манекенските води се впуштила на 13-годишна возраст.

Според неа, во Македонија оваа професија не е доволно ценета, а дополнително е тешко тоа што секоја втора девојка сама се прогласува за манекенка, без зад неа да стои сериозна агенција која ќе бира внимателно ангажмани.

biljana-janevska-kje-ne-pretstavi-na-mis-turizam-da-se-odrzhuvashe-vo-zhivo-kje-videa-shto-e-makedonsko-devojche-03.jpg

Нејзиното учество на Интернационалниот избор за Мис Туризам 2020/21 се должи благодарение на Олег Дементиенко и Пантер Моделс, кои направија видеа и фотографии од неа, кои беа испратени во Малезија, со цел таа да се претстави на Изборот.

biljana-janevska-kje-ne-pretstavi-na-mis-turizam-da-se-odrzhuvashe-vo-zhivo-kje-videa-shto-e-makedonsko-devojche-04.jpg

Повеќе фотки од нашата претставничка, на која ѝ посакуваме среќа во јануари:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Билјана Дебарлиева ужива во магично грчко селце со сопругот - поубава од кога било (фото) На 500 метри мнв. на Олимп едно од нашите најубави ТВ лица одржа лекција по елег...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg