Најпопуларниот македонски камионџија со хит танцувачко видео со девојката во Истанбул

Камионџијата од Македонија, познат како Дарко Влогс, кој стана хит на Инстаграм, ужива на романтичен одмор во Истанбул и со девојката сними видео кое не може, а да не ве расположи и насмее.

makedonskiot-kamiondjija-i-influenser-so-hit-tancuvachko-video-so-devojkata-vo-istanbul-01.jpg

Дарко Јефремов (Дарко Влогс) е роден во Ниш, растен во Скопје, школуван во Битола, а сега работи во САД како камионџија. На јавноста ѝ стана познат по шеговитите видеа што ги прикачува на неговиот Инстаграм профил, кои ги снима за време на патувањата. Има повеќе од 107.000 следбеници.

Уникатен и свој со одлична смисла за хумор, но и со хумано срце, тој е вистинско освежување на социјалните мрежи.

makedonskiot-kamiondjija-i-influenser-so-hit-tancuvachko-video-so-devojkata-vo-istanbul-02.jpg

Во неговото позитивно „лудило“ го поддржува и неговата девојка Даниела.

Периодов тој од САД одлета директно во Истанбул, каде се најдоа со Даниела и уживаат во романтичен одмор. Од соба со џакузи и тестирање на вкусови од тезгите со улична храна, до бакнежи преку маски со шеговити принтови со Мини и Мики и шетање низ аквариум во исти блузони, тие очигледно одлично се забавуваат, се разбира, секогаш со ведрина и доза на хумор.

makedonskiot-kamiondjija-i-influenser-so-hit-tancuvachko-video-so-devojkata-vo-istanbul-03.jpg

Нивните фотки се вистинско освежување на Инстаграм, но нивното танцувачко новогодишно видео дефинитивно е хит.

Облечени во новогодишни џемпери со светки и со впечатливи зелени чорапи, тие танцуваат на „Jerusalema“, танцувачки предизвик со кој се зарази светот.

Погледнете го хит видеото:
 

Фотки од нивното патување во Истанбул:

Погледнете и Видео интервју со Дарко Јефремов: Како е да се биде... камионџија

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит сцена во Скопје: Невеста отиде на гласање во венчaница, па си продолжи на својата свадба „Комплетно гламурозна на гласање“, се пошегува Сандра, која во венчаница, со мла...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Хит објава на Македонка: „Мислев ќе сретнам господин, кој сака вино и класична музика - сретнав маж ... Животот некогаш не ни го дава тоа што сакаме, туку тоа што ни е потребно, па так...
Јатрва ѝ е на Антониа Гиговска, сними спот во хотел кај Моно Алекс: Која е младата пејачка Јана Спир... Јана Спирковска, сестра на моделот Стефан Спирковски, заедно со партнерот Алекса...
„Сака да ја засени кумата“ - Сопругот на Антониа Гиговска стана хит меме со фризурата - си ги објаву... „Сака да ја засени дури и „кумата“ од случката на Водно“, се само дел од хит тви...
Виолета Томовска наполни 80 години - Семејството го испеа нејзиниот хит „Молитва“ со порака „Те сака... „Оваа ‘Молитва' е подарок за 80-тиот роденден на Виолета Томовска, а учесници се...

Најчитани неделава