Жито Лукс продолжува со помош онаму каде што е најпотребно!

Жито Лукс и во Новата Година продолжува со хуманитарните активности насочувајќи ги онаму каде што е најпотребно, односно кон најранливите категории на граѓани, а пред сѐ кон децата.

zhito-luks-prodolzhuva-so-pomosh-onamu-kade-shto-e-najpotrebno1.jpg

Компанијата од декември минатата година дел од средствата од секој купен производ од своето портфолио во Тинекс маркетите, ги донира за помош и подобрување на условите на функционирање на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Оваа хуманитарна активност ќе трае до 12 јануари и е само една во низата хуманитарни подвизи кои компанијата ги презема со цел помошта да стигне таму каде што е најпотребна.

Изминатата 2020 година беше исклучително неизвесна и тешка за сите, а особено за ранливите категории во нашата држава, па помош од секаков вид беше добредојдена. Жито Лукс уште од самиот почеток на кризата предизвикана со Ковид-19 донираше прехранбени производи преку Црвен Крст, за да продолжи со истиот интензитет и хуманост во текот на летото со донации во институциите и организаците кои помагаат на децата без родители - СОС Детско село, One Can Скопје, Проект Среќа, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и други.

Од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле ја поздравија ваквата иницијатива која, во овие кризни времиња на светска пандемија и тешки моменти за здравствениот систем и државата, е од особена важност.

zhito-luks-prodolzhuva-so-pomosh-onamu-kade-shto-e-najpotrebno02.jpg

Да бидеме хумани заедно, за малку полесна Нова година за сите.

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели пе... Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и негов...

Најчитани неделава