Станар во зграда во Скопје закачил честитка во лифтот – реакцијата на соседите непроценлива

„Нов сум во мојата зграда. Откако ја закачив мојата рачно изработена честитка за Нова година во лифтот, почна еден многу позитивен тренд. Наместо шкртаници, во лифтот секој ден се појавуваат нови честитки“, вели Горјан Јовановски.

stanar-vo-zgrada-vo-skopje-zakachil-chestitka-vo-liftot-reakcijata-na-sosedite-neprocenliva-01.jpg

Горјан Јовановски, човекот кој стои зад успешната апликација МојВоздух, со интересен потег докажа дека позитивната енергија е заразна.

Во зградата во Скопје во која живее од неодамна одлучил да закачи честитка во лифтот и да види како ќе реагираат соседите. Ефектот бил и повеќе од позитивен.

Приказна што дефинитивно мами насмевка:

Позитивната енергија е заразна

Нов сум во мојата зграда. Откако ја закачив мојата рачно изработена честитка за Нова година во лифтот, почна еден многу позитивен тренд. Наместо шкртаници, во лифтот секој ден се појавуваат нови честитки, една по една, рачно нацртани од станари и посетители. Пред некој ден беа 3, сега се 7!

Секое утро едвај чекам да влезам во лифтот за да видам што ново ме чека! Но тука не застана празничната атмосфера: Моите прекрасни комшии закачува бадникови гранчиња на вратите низ влезот, а низ Вибер групата за зградата се ширеа празнични честитки.

Доволно е мал убав гест за да ја разбудите добрината што ја има во сите нас. Бидете тој позитивен пример од вашето најмало опкружување, само така ќе стигнеме до општеството што го посакуваме! Како што вика Марко Новески #ширимепозитива! Што е тоа што ти ќе направиш денес?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава